Распоред за Тродневницата и светувањето на Марија од Назарет во Радово

Распоред за Тродневницата и светувањето на Марија од Назарет во Радово

Во пресрет на празникот Марија од Назарет го објавуваме распоредот за тродневницата и светувањето во парохијата „Свети прорк Илија“ во Радово

Овогодинешната тема гласи: „Марија во животот на црквата“

Четврток 05.10.2023 18:00 часот

Бројаница; изнесување на Статуата Марија од Назарет – Света Литургија; Наговор о. Илија Стојанов. Тема: „Марија во тајната на Црквата и посветување на душите“,  Молитва на верните о. Илија Стојанов

Петок 06.10.2023 18:00 часот

Света Литургија, наговор о. Атанас Сирачев. Тема: „Мајчинската улога на Марија“; Молитви на верните:  о. Атанас Сирачев; Молебен до Пресвета Дева Марија;

Сабота 07.10.2023 Света Литургија 8:00 часот. Во 17:00 часот – тргнување во процесија кон капелите Марија од Назарет и Мајка Тереза. По патот молење на Света Бројаница и Молебен до П.Д.М; По влегувањето во црквата наговор на о. Ристо Самарџиски, парох во Гевгелија. Тема: „Обожавање на Марија во Црквата“;

Недела 08.10.2023 9,30 часот Света Бројаница –  Процесија со Марија од Назарет околу црквата; Светата Архиерејска Литургија (започнува веднаш по влегувањето во храмот) ја предводи и проповеда Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Струмичко-скопски епископ и Скопски бискуп; Благослов за сите присутни и на индивидуалните и фамилијарни Бројаници. Заедничко Агапе.

Преку сите денови на Тродневницата има можност за Света Исповед.

Света Литургија на празникот Марија од Назарет во недела ќе бидe пренесуванa на Радио Марија (FM 106,5), кoja може да се следи и вон Струмица преку интернет на www.radiomarija.mk.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот