Поранешниот претседател Иванов упати честитка до бискупот Стојанов по повод Божиќ

Поранешниот претседател Иванов упати честитка до бискупот Стојанов по повод Божиќ

Поранешниот претседател на Репбулика Македонија г-дин Ѓорге Иванов по повод празникот Рождество Христово упати честитка до бискупот Стојанов и целата католичка заедница во Република Македонија, посакувајќи овие празнични денови да се поминат во љубов, надеж, верба и радост.

„И овој Божиќ, нека нашите срца и нашите домови бидат исполнети со светлина и топлина, радост и љубов, надеж и дарување, мир и добрина. Да расте нашата вера во Исуса Христа, нашите молитви да бидат послушани, да бидеме благословени со Божјата љубов и милост, да бидеме опсипани со здравје, бериќет, хармонија, разбирање и верба во другите и во себе – стои во честитката.

Со најубави желби, уште еднаш, Ви го честитам празникот на Рождеството Христово – Божиќ, ја завршува честитката поранешниот претседател Иванов упатена до бискупот Стојанов и католичката заедница во Република Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот