Папата во Аперацида: Бог секогаш е со вас, никогаш не ве напушта
Апарецида, 25.7.2013 /к.мк/ – Среда 24 јули започна со света Литургија во светлиштето во Аперацида, каде папата Фрањо најпрво пред статуата на Богородица молеше, а потоа славеше света Литургија со епископите и свештениците, како и со мноштвото верници. Во својата проповед најпрво спомна дека уште од почетокот својот понтификат го довери на Пресвета Богородица во Рим. Денес тоа сакам да го обновам молејќи истовремено за успешен исход на Светскиот ден на млади.
Потоа Папата спомна за настанот во Апарецида од пред шест години кога се одржа Петата Конференција на епископите од Латинска Америка и Карибите, на која и тој самиот зеде учество. Епископите разговараа за средбата со Христос, за апостолството и посланието, а верниците со своите молитви тоа го подржуваа, доверувајќи го својот живот, тешкотии и радости на Пресвета Богородица. Така и настана документот од конференцијата, кој е плод на заедничкиот труд на епископите и верниците под заштита на Мајка Божја. Црквата, имено, кога го бара Христос, секогаш тропа на Мајчиниот дом и моли: Покажи ни го Исус. Тогаш од неа учи како да се биде ученик, па поради тоа Црквата во посланието секогаш оди по стапките на Марија, истакна папата Фрањо и продложи:
Гледајќи денес на Светскиот ден на млади кој ме доведе тука, и јас тропам на вратата на домот на Марија, а Марија го љубеше и воспитуваше Исус, за да ни помогне на сите нас, пастирите и народот Божји, родителите и воспитувачите, за да можеме на младите да им ги пренесеме оние вредности кои ќе им овозможат да изградат поправеден, солидарен и братски свет. Во врска со ова сакам да истакнам три работи: да се чува надежта, да дозволиме Бог да не изненади и да се живее радоста:
Во денешното второ литургиско читање од Откровението на свети Иван богослов ни се нуди драматична слика, за жената која ја прогонува змеј. Тоа е слика за тешкотиите во животот на секој човек, на многу луѓе, на нашите заедници, но колку и да се големи тешкотиите, Бог секогаш е со нас и не дозволува да пропаднеме. Па колку и да се големи тешкотиите во навестувањето на евангелието или проблемите на мајките и татковците во семејствата, сакам да ви кажам: во срцето бидете секогаш сигурни дека Бог е со вас и никогаш не ве напушта. Да не ја гасиме надежта во своето срце, посака Папата и продолжи: Змејот, злото, нашето минато – ништо не е посилно од Бог, Бог е нашата надеж.
Потоа Светиот Отец ја спомна лажната привлечност, кои како и идолите сакаат да го заземат Божјото место во животот и дека даваат некоја сигурност како што се парите, успехот, власта, задоволствата, кои потоа донесуваат осаменост. Треба да се гледа позитивно на работите и да се поттикнуваат младите на великодушност која ги карактеризира и поттикнува да изградат подобар свет. Тие се силна снага за Црквата и општеството. Не се им потребни само работи, туку пред сѐ духовноста на народот која се чувствува длабоко во ова светилиште како што ја памети Бразил и упатува на великодушност, солидарност, издржливост, братство и радост. И сето ова се вредности кои никнат од коренот на длабоката христијанска вера.
Потоа папата Фрањо го спомна вториот став, а тоа е да дозволиме Бог да не изненади, како што ги изненади рибарите, кои ништо не уловија, но во мрежите го гледаа ликот на Марија и така од оној неуспешен риболов стана богатство за Бразил и Бразилците со гордост можат да се чувствуваат деца на истата Мајка. Бог секогаш нѐ изненадува, како што тоа го прави и во денешното Евангелие, но важно е да му се дозволи да нѐ изненади со својата љубов. Ако му се приближиме и останеме со Него, она што се прави со ладна вода, она што нам ни е тешко, или дури и гревот, го претвора во ново вино на пријателство со Него.
Поради тоа покрај чувањето надеж и Божјото изненадување последица е третиот став : живеење со радост. Она со што Исус нѐ изненадува и ни нуди го исполнува срцето со радост и така стануваме сведоци на таа радост. Бог нѐ следи, Мајка Марија нѐ застапува како Естир во првото читање. Исус ни го открива Отецот, кој нѐ љуби. Гревот и смртта се победни. Поради тоа христијанинот никогаш не смее да биде песимист. Ако сме вистински заљубени во Христос, тогаш и чувствуваме колку нѐ љуби, нашето срце ќе се распламти толку многу што ќе ги зарази сите кои живеат со нас, поттикна Светиот Отец и заврши:
Дојдовме да тропаме на вратата на Марија и таа нѐ пушти во куќата на својот Син и ни говори: Што и да ви каже направете, Да Мајко наша, ќе настојуваме да направиме сѐ што ќе ни каже. Тоа ќе го направиме со надеж и доверба во Божјите изненадувања, полни со радост.
На крајот од светата Литургија папата Фрањо измоли молитва до Богородица и на неа ја посвети својата апостолска служба – Петров наследник, како и Светскиот ден на млади.
Молитва на Папата пред Литургијата во Апаресида
Мајко од Апарецида,
исто како Тебе некогаш и јас така денес се чувствувам,
пред Тебе и пред Бог кој ни предлага послание за животот
чија содржина ниту граници познава, а побарувањето само го насетуваме.
Но во својата вера и благодарствени зборови ’За Бог ништо не е невозможно’
Ти, Мајко, не се откажа, па не можам ни јас.
Еве ја Слугинката Господова.
Нека ми биде по твоите зборови.
Така, како Тебе, и јас го прегрнувам своето послание.
Во твоите раце го ставам својот живот.
И одиме, Ти – Мајко и јас – син,
одејќи заедно, верувајќи заедно, борејќи се заедно, победувајќи заедно.
Како и секогаш заедно одејќи Ти и Твојот Син.
Жено, еве ти син! Сине еве ти Мајка!
Мајко од Апарецида, Еден ден си го носела Својот Син во храмот за да го посветиш на Отецот,
за да биде целосно расположен за посланието.
Однеси ме, денес кај истиот Отец, посвети ме на Него со сето тоа што сум и што имам.
Еве ме! Испрати ме!
Мајко од Апарецида, во твоите раце ги ставам
и ги принесувам на Отецот и твоите млади,
Светскиот Ден на младите:
колку сила, колку живот, и со колкава динамика расте, се шири
и што може да биде во служба на животот, на Човештвото.
Прими ги и посвети ги Оче твоите млади!
Конечно, Мајко, Те молиме:
Остани овде, прими ги секогаш своите поклоници, синови и ќерки,
но и оди заедно со нас,
биди секогаш со нас и прати го во посланието големото семејство на верници,
посебно кога крстот ќе биде потежок,
поддржи ја нашата надеж и вера.
Биди верен до смртта и ќе ти го дадам венецот на животот. Амин!
Посвета на Нашата Богородица од Апаресида
Пресвета Маријо, по заслугите на нашиот Господ Исус Христос,
во својот лик на Апарецида, раздади ги бројните добрини низ целиот Бразил.
И јас, иако недостоен, се вбројувам меѓу твоите синови и ќерки,
но сосема обземен од желбата да имам заслуга во доброчинството на Твоето милосрдие,
клекнувам пред Твоите нозе, ти го посветувам својот ум,
за да мисли секогаш на љубовта што ја даруваш;
ти го посветувам својот јазик,
секогаш да Те воспева
и да ја шири преданоста кон Тебе;
Ти го посветувам своето срце,
да Те љуби, како и Бог, над сѐ.
Прими ме, неспоредлива Царице,
Тебе, која Распнатиот Христос Те даде да ни бидеш мајка,
во блажен број на твоите синови и ќерки;
Прими ме под Твојата заштита,
Помогни ми во сите мои духовни и временски потреби,
а посебно во часот на мојата смрт.
Благослови ме, небеска Соработничке,
и со свето моќно застапништво,
зајакни ме во моите слабости
за да можам служејќи ти верно во овој живот,
да Те воспевам, љубам
и да ти заблагодарувам во небото во вечноста. Амин!
(го*ко+В.Н.)