„Дојде моментот да се собере и зачува огромното аудиовизуелно наследство за да се започне нов голем процес на градење колективно сеќавање. Ова го напиша папата Фрањо во пораката до Фондацијата за аудиовизуелни сеќавања на католицизмот (МАК) по повод нејзиното основање.
Научниот комитет на Фондацијата го одржа првиот состанок на 2 мај 2023 година во Апостолската библиотека на Ватикан, а пораката на Папата ја прочита монсињор Анџело Винченцо Зани, архивар и библиотекар на Светата римска црква и член на научниот комитет.
„Целите кои вашата фондација има намера да ги постигне одговараат на реалната културна итност за целата Црква“, нагласи Папата и додаде дека, „аудиовизуелните извори исто така станаа централни историски траги од нашето блиско минато“.
Папата посака „поголема посветеност на целата црковна заедница, а посебно на Светиот Престол, за зачувување на нашето „сеќавање во слики“, бидејќи аудиовизуелните извори „станаа централни историски траги од нашето блиско минато“ и се „кревко наследство кое има потреба од постојана грижа: за жал, Католичката црква веќе изгуби голем дел од аудиовизуелната документација што ја раскажува нејзината историја од 19 до 20 век, поради занемарување и недостаток на ресурси и вештини“.
„Затоа, топло го поздравувам раѓањето на една фондација како вашата, чија основна цел е реставрација, зачувување и подобрување на историското аудиовизуелно наследство и документарно наследство поврзано со католицизмот. Ми се чини важно дека вашата институција, благодарение на учеството на најважните архивски, филмски и академски институции, нуди визија и методи засновани на споделување на наследството и највисоките вештини и ресурси во служба на преносот на аудиовизуелни сеќавање на католицизмот. Ова може да биде насока за целата Црква“.
Во пораката до членовите на новоформираната фондација, Папата потсетува дека започнувањето на нејзината работа се случува во позадина на една важна годишнина, 60 години од одобрувањето на соборниот декрет „Inter Mirifica“, кој ги вбројува алатките на социјалната комуникација меѓу „прекрасните Божји дарови“, вклучувајќи ги и аудиовизуелните медиуми: „Од тогаш, аудиовизуелната медиумска технологија се шири со голема брзина, создавајќи незамисливо количество слики и звуци кои ја документираат историјата на светот и Црквата. Затоа е неопходно денес да се собере и зачува ова огромно аудиовизуелно наследство за да се започне нов фундаментален процес на градење колективно сеќавање.“
„Нашата сила е споделувањето и совршенствотот; всушност, од своето основање, МАК ги спои водечките реалности во областа на аудиовизуелното истражување и зачувување – рече монс. Дарио Едоардо Вигано, претседател на фондацијата создадена во март за да одговори на културната итност за обновување, зачувување и подобрување на историското аудиовизуелно наследство на католицизмот. Ние целосно ја користиме дигиталната комуникација и веруваме дека можеме да привлечеме јавен и приватен интерес за да започнеме проекти кои промовираат вмрежување помеѓу универзитетите, истражувачките институции, филмските библиотеки, архивите и институтите за конзервација. Се гледаме себеси како структура на премостување која гради мостови и мрежи со други реалности“.
Создавањето на фондацијата е резултат на процесот на обновување на сеќавањето што започна во 2017 година со тркалезната маса на тема „Светиот Престол во ерата на масовната комуникација“ што се одржа во Ватиканската филмска библиотека, по што беше објавена книгата. „Киното на Папите: необјавени документи од Ватиканската филмска библиотека“ и интервју на монс. Вигано со папата Фрањо објавено во книгата „Погледот води до срцето“.
Ватикан њуз/к.мк