Папата Фрањо: Евангелието е одговорот на денешната збунтетост меѓу младите

Папата Фрањо: Евангелието е одговорот на денешната збунтетост меѓу младите

Примајќи ги во аудиенција членовите на Семејството друштво на Божјиот повик, Папата им зборуваше за потребното внимание кон младите кои често живеат од ден на ден и ги охрабри да се посветат на евангелизацијата за да им помогнат на луѓето во нивното духовно расудување.

Молитва, навестување, послание се трите „патишта“ потребни за грижата за звањата кои се толку неопходни денес – истакна папата Фрањо во својот говор пред членовите на Семејството друштвото на Божјиот повик, кои ги прими во аудиенција на 22 мај 2023 година и ги поттикна да сеат, подготвуваат, негуваат и ги придружуваат звања, поаѓајќи од примерот на нивниот основач, свети Џустино Марија Русолило, апостол на звањата, кој беше прогласен за светец минатиот мај.

Најпрво е потребна молитва – забележа тој, поттикнувајќи ги присутните да одговорат на прашањето во себе, во своето срце: Дали се молам за звања? Или само набрзина ја измолувам Господовата молитва или Радувај се Марија… Дали се молам интензивно за звања?

Благодарение на молитвата – објасни Светиот Отец – стануваме одраз на љубовта на Отецот кон оние што ќе ги сретнеме на патот. На тој начин се нуди првото служење за звања, пред сè гледајќи ги младите луѓе кои можеби ќе бидат привлечени од внатрешната одлука да му се предадат на Бога – рече тој и забележа:

Звањата, посебно оние со посебно посветување, често се раѓаат на овој начин, во контакт со свештеник или монахиња кои покажуваат убава човечност, мир во срцето, непобедлива радост, љубезни и гостољубиви. Молитвата е таа што не прави такви. Да не ја игнорираме! Треба интензивно да се моли за звања.

Со навестување да ја пренесуваме верата

По молитвата следи навестување, „навестување на Господ“, важен аспект што го опфаќа учењето на катехизмот. Денес, соочени со збунетоста на луѓето, посебно младите луѓе кои често се наоѓаат во ситуација да живеат од ден на ден, неопходно е да се вратиме на навестување на Словото за да се пренесе содржината на верата на едноставен и заносен начин – рече Римскиот бискуп и нагласи:

Ова е потребно за Црквата; силата на нашиот апостолат треба да биде насочена пред сè на средбата и слушањето, за да придружуваме во расудувањето. Ова е она што ви го препорачувам: допрете до сите со радоста на евангелието, помогнете им на луѓето во духовното расудување, ставете се во служба на евангелизацијата!

Прифаќање, слушање, близина

Папата Фрањо на крајот зборуваше за мисионерскиот дух кој постојано треба да се обновува и ја истакна потребата во општеството и Црквата да се пушти во оптек сето она што е корисно за пренесување на евангелската радост. И на овој начин – објасни тој – се врши посланието: станувајќи способни за прифаќање, слушање и близина.

Ви посакувам секогаш да бидете отворен простор за прифаќање на луѓето и грижа за звањата; место за молитва и расудување за оние кои бараат; место за утеха на ранетите; „работилницата на Духот“ во која секој што ќе влезе ќе може да го доживее обликувањето од божествениот мајстор, а тоа е Светиот Дух.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот