Божјата нежност беше во фокусот на проповедта која папата Фрањо ја одржа на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта, на 14 декември 2017 година.
Темата ја вдахна првото читање земено од Книгата на пророкот Исаија, во кое се зборува за Бог кој ни се обраќа како татко на детето, намалувајќи го гласот за да го направо посличен на гласот на детето. А пред сè го охрабрува милувајќи го: Не плаши се, јас ти помагам.
Изгледа како нашиот Бог да сака да ни пее приспивна песна. Нашиот Бог е во состојба тоа да го направи. Таква е неговата нежност; тој е татко и мајка – истакна Папата и додаде: Многу пати рекол „Ако мајката го заборави своето дете, јас нема да го заборавам.“ Нè носи во своето срце. Тој е Бог Кој со таквиот разговор се прави мал за да сфатиме, за да направи да имаме доверба во Него и да можеме со храброста на свети Павле, да кажеме: Оче, Ава. Оче… Тоа е Божјата нежност – повтори папата Фрањо.
Вистина е, Бог понекогаш нè укорува – рече Папата. Тој е голем, но со својата нежност се приближува и нè спасува. Тоа е таинството, и една од најубавите работи. Тој е голем Бог кој станува мал и во својата маленкост не престанува да биде голем. Во таа дијалектика големото е мало; тука е Божјата нежност. Овде е оној голем кој се направи мал, и малиот кој е голем. Божиќ ни помага тоа да го сфатиме: во тие јасли … е малиот Бог – истакна Папата и потсети на зборовите на свети Тома од првото дело на „Summa Teologia“. Сакајќи да објасни што е божествено, истакна дека не треба да се исплашиме од големите работи, туку треба да се води сметка за малите работи – објасни Папата.
Не само што Бог ни помага, туку ни дава и ветување за радост, за големи плодови за да ни помогне да одиме напред. Бог не е само Отец, туку е Татко – истакна папата Фрањо и праша: Дали сум во состојба така да разговарам со Господ или се плашам? Нека секој одговори. Некој – додаде – би можел да праша кое е теолошкото место на Божјата нежност? Каде може да се пронајде Божјата нежност? На кое место најдобро се покажува Божјата нежност? Одоговорот е – според зборовите на Папата – „Во раните.“ Моите рани, твоите рани, кога мојата рана ќе се сретне со неговата рана. Во неговите рани сме оздравени – истакна Папата.
Спомнувајќи ја параболата за Добриот Самарјанин, Светиот Отец потсети дека – како што рече – таму некој се наведнал над човекот кој наидува на разбојници, и му помогнал миејќи ги неговите рани и плаќајќи за неговото оздравување. Ете, теолошкото место на Божјата нежност се нашите рани – објасни папата Фрањо и на крајот ги поттикна сите во текот на денот да мислат на Господовиот повик: „Дај, дај да ги видам твоите рани. Сакам да ги оздравам.“
РВ/к.мк