Папата: Бог секогаш изобилно ја дарува својата милост

Бог секогаш на луѓето великодушно ја дарува својата милост, а да се сфати изобилството на Божјата љубов е плод на милост – истакна папата Фрањо на во вторник 20 окотоври 2015 година за време на светата Литургија до домот Света Марта.

Божјата љубов кон човекот е изобилна, но човекот од таа великодушност бега, премногу е навикнат на дарување на мал број подароци. Низ таа призма Папата го толкува денешниот дел од Посланието на свети Павле до Римјаните. Спасението кое го донесува Исус кое го надминува падот на Адам ни го покажува тоа изобилно себедарување. А спасението е пријателство помеѓу нас и Исус – објасни Светиот Отец.

Бог ни дарува спасение во добра, набиена, натресена и преизобилна мерка – истакна Папата, велејќи дека зборот „изобилство“ свети Павле во денешното прво читање го спомнува три пати. Бог толку изобилно дарува што свети Павле вели: „каде што пак се умножува гревот, благодатта се јавува во голема изобилност.“. Таква е Божјата љубов: неизмерна; Тој се дарува целиот.

Неизмерна е како во примерот на таткото од евангелската парабола кој секој ден гледал кон хоризонтот за да го здогледа својот син кој одлучил да му се врати. Божјото срце не е затворено, тоа секогаш е отворено. И кога ќе му дојдеме како тој син, Бог нè прегрнува и љуби. Како што рече Папата, тој е Бог кој подготвува славење.

Бог не е злобен – такво нешто му е непознато. Напротив, Бог сè дарува. Бог не е ниту статичен: Тој гледа, чека да се обратиме. Бог излегува и го бара секој од нас. Секој ден нè бара, како во параболата за изгубената овца или изгубената драхма – рече Светиот Отец, потсетувајќи дека во небото повеќе се слави заради еден единствен грешник кој се преобратил отколку за стотината праведници.

Не е лесно да се сфати Божјата љубов со нашите човечки критериуми кои се мали и ограничени. Таа се разбира преку милостите, како што ја сфатила – како што раскажа Папата – една чесна сестра во неговата бискупија која имала 84 години, но и понатаму ги обиколувала болничките соби и на болните со насмевка им зборувала за Божјата љубов. Таа сестра имала дар да го сфати таинството на изобилната Божја љубов, која на многумина им бега – заклучи Светиот Отец.

Ние секогаш сакаме да ги мериме ситуациите и работите со нашите мерки, а нашите мерки се мали. Заради тоа би било добро да го молиме Светиот Дух за милоста малку да ни се приближи за да ја разбереме таа љубов и да бидеме способни да дозволиме да нè прегрне ,да нè бакне таа мерка без граница – рече Папата.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот