Кардинал Ежен Тисеран – ориенталист, пастир, праведник меѓу народите

Кардинал Ежен Тисеран – ориенталист, пастир, праведник меѓу народите

На 21 февруари 2022 година, Папскиот комитет за историски науки организираше тркалезна маса на тема „Кардинал Ежен Тисеран – ориенталист, пастир, праведник меѓу народите, која се одржана во Папскиот институт Кампо Санто Теутонико во Ватикан“.

По повод 50. годишнината од смртта на кардинал Тисеран (1972-2022), тркалезната маса понуди увид во најрелевантните прашања за ликот на францускиот кардинал и неговата интензивната интелектуална, пасторална и дипломатска работа, за чии напори и помош на Евреите да побегнат од нацистичките прогонства го препозна Јад Вашем, прогласувајќи го неодамна за „Праведник меѓу народите“ .

Тркалезна маса во Ватикан

Тркалезната маса ја отворија Бранко Јуриќ, проректор на Папскиот институт Кампо Санто Теутонико и Бернардо Ардура, претседател на Папскиот комитет за историски науки. Говорници беа: Џузепе Марија Кроче, префект на архивата на Папската базилика Света Марија Велика, Џанпаоло Риготи, архивист на Конгрегацијата за Источни Цркви и Елизабета Дериу, Université Paris Est Créteil – Centre de Recherche en Histoire Européenne comparée и Бернард Ардуро, претседател на Папскиот комитет за историски науки, додека Паула Хенекин, внуката на кардиналот Тисерант, не можеше да биде присутна, но испрати извештај кој беше прочитан. Завршни забелешки ги даде кардиналот Хозе Толентино де Мендонса, архивар и нотар на Светата римска црква.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот