Папата: Бог сака да ги спаси сите луѓе
На сите нас ни е добро позната сликата за Добриот Пастир кој на рамото ја носи изгубената овца. Таа слика секогаш ја претставувала Исусовата грижа за грешниците како и Божјото милосрдие кое не поднесува некој да се загуби – истакна Светиот Отец.
Во катехезата на Генералната аудиенција на 4 мај 2016 година која се одржа на плоштадот Свети Петар, Папата зборуваше за параболата за изгубената овца која ја дава Евангелието според Лука (15, 1-7). На сите нас ни е добро позната сликата за Добриот пастир кој на рамото ја носи изгубената овца. Таа слика секогаш ја претставувала Исусовата грижа за грешниците како и Божјото милосрдие кое не поднесува некој да се загуби – истакна Светиот Отец.
Сомилоста кон грешниците не треба да соблазнува
Исус ја кажува параболата за да се разбере дека не треба да се соблазнува заради неговата близина со грешниците, напротив треба сите да ги поттикне на размислување за тоа како ја живееме својата вера. Во параболата се зборува за грешниците кои му се приближуваат на Исус за да го слушат, додека скептичните книжници заради тоа се оддалечуваат од Него. Тие се оддалечуваат затоа што Исус се дружи со грешници. Биле горделиви се сметале за праведни – рече Папата.
Бог сака да ги спаси сите луѓе
Параболата зборува за пастирот, загубената овца и за остатокот на стадото. Сепак само пастирот е работник, а не овците. Пастирот е единствениот вистински прогатонист, сè зависи од Него. Параболата се отвора со прашањето: „Кој од вас, имајќи сто овци, кога загуби една од нив, не ќе ги остави деведесет и деветте во пустињата и не ќе тргне по загубената додека не ја најде?“ (ред 4) Овде имаме парадокс кој поттикнува на сомнеж во делувањето на пастирот: Дали е мудро да се оставаат деведесет и деветте заради една? Со тоа уште повеќе што не ги остава во трлото, туку во пустина? – праша Светиот Отец и додаде:
Според библиската традиција пустината е место на смртта каде што тешко се наоѓа храна и вода, човекот е без засолниште и оставен на милоста и немилоста на дивите ѕверови и крадци. Што може да се случи со оставените овци? Парадоксот продолжува зборувајќи како пастирот кога ја наоѓа овцата „ќе ја крене на рамо радосен и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: „Радувајте се со Мене“ (ред 6). Изгледа како пастирот не се враќа во пустината за да го собере стадото! Изгледа дека заборавил на деведест и деветте овци додека мислел на една овца – рече Папата.
Но во реалноста не е така, Исус сака да ни каже дека ниту една овца не треба да биде загубена. Господ не може да се помири со тоа било кој човек да се загуби. Бог ги бара загубените деца за потоа да се радува со сите затоа што ги пронашол. Станува збор за неодолива желба: дури ниту деведесет и деветте овци не можат да го сопрат пастирот и да го држат затворен во трлото – истакна Папата.
Исус ги бара најзапоставените луѓе
Во спонтан говор Папата додаде: „Можел да заклучи дека има деведест и девет и дека не е голема штета ако една исчезне. Не, Тој оди ја бара загубената иако сите му се важни, сепак загубената е во најголема потреба затоа што е напуштена, затоа што е отфрлена; тој оди ја бара токму неа.“ Сите сме предупредени – рече Папата читајќи – милосрдието кон грешниците е Божјиот начин на делување, а Тој секогаш е верен на тоа милосрдие. Никој и ништо не може да го обесхрабри од неговата желба за да ги спаси сите луѓе – рече Папата.
Бог никој не отфрла
Во спонтан говор повторно додаде: Бог не ја познава сегашната наша култура на отфрлање, таа не е негова карактеристика. Бог никој не отфрла; Бог ги љуби сите луѓе, ги бара сите. Тој не го познава тој збор „отфрлете ги луѓето“ затоа што Тој е самата љубов и милосрдие – нагласи папата Фрањо.
Бог не може да се шематизира
Божјото стадо секогаш е во одење, Тоа не владее со Бог, не треба да се занесуваме со тоа дека ќе го затвориме во своите шеми и во своите стратегии. Пастирот ќе биде таму каде што е загубената овца. Господ треба да нè бара таму каде Тој сака да нè сретне, а не каде што ние сме сакале да го најдеме. Стадото не може никако да се собере освен следејќи го трагот кој го зацртал милосрдието на Пастирот. Додека ја бара загубената овци, Тој ги поттикнува деведест и деветте други да учествуваат во собирањето на стадото. Тогаш не само овцата која ја носи на рамото, туку и целото стадо сѐ до домот го следат Пастирот, за да се радува со пријателите и соседите – рече Папата.
Реата на затвореното
Мора често да размислуваме за оваа парабола затоа што во христијанската заедница секогаш некој недостасува, заминал и оставил празно место. Понекогаш тој недостаток обесхрабрува и поттикнува да веруваме дека загубата е неизбежна, неизлечива болест. Тогаш ни се заканува опасноста да се затвориме во трлото, каде што не се чувствува мирисот на овцата, туку реата на застоено – рече Папата додавајќи во спонтан говор:
Ние христијаните не смееме да бидеме затворени затоа што ќе мирисаме на внатрешните работи. Мораме да излеземе, тоа пак затворање во себе, во мали заедници, во парохии, таму… „Ние праведните“… Тоа се случува кога немаме мисионерска ревност која нè води на средба со другите. Според Исусовото гледање не постои засекогаш загубени овци, ова мора добро да го сфатиме: за Бог никој не е засекогаш загубен. Никогаш. Сѐ до последниот момент, Бог нè бара. Сетете се на добриот разбојник; за Исус никој не е засекогаш загубен, постојат само овци кои треба да се најдат – истакна Папата.
Никој не треба да се откаже од браќата
Перспективата е целосно динамична, отворена предизвикувачка и креативна. Нè поттикнува на барање да се свртиме кон братското одење. Никаква далечина не може далеку да ги држи пастирите; ниту едно стадо не може да се откаже од братот. Пронаоѓањето на луѓето кои се загубиле го радува пастирот, Бог и целото стадо. Сите ние сме овци кое Божјото милосрие ги пронашло и собрало, повикани сме со Него да го собереме целото стадо – заврши папата Фрањо.
РВ/к.мк