Папата: Близина и милосрдие за напатената Украина. Внесете спокој во Турција, Еритреја и Иран
Папата Фрањо изрази благодарност до претставниците на Унијата за помош на Источните Цркви (ROACO) за нивната активна солидарност и великодушност, како и за нивната работа за ублажување на страдањата на луѓето во Украина, Турција и Сирија, зафатените од војна, Светата Земја и други делови од светот.
Примајќи ги во аудиенција членовите на ROACO во четврток, 22 јуни 2023 година, папата Фрањо им го предаде својот подготвен говор и им објасни дека нема да може да чита бидејќи сè уште има тешкотии со дишењето по општата анестезија на која беше подложен за време на операцијата на 7 јуни. во Римската поликлиника Гемели.
Меѓутоа изрази радост за посетата на претставниците на ROACO и нивната Конференција на млади, кои го одржуваат пленарното собрание во Рим и им се заблагодари за нивната активна солидарност што помага да се залечат раните на оние кои страдаат, како галење што ја враќа надежта среде немирите од конфликтот.
Борбата против секојдневното страдање на оние кои се во тешка состојба
Вие сте ангажирани во сушна земја на страдање за да дадете семе на надеж за растење, рече Папата, истакнувајќи: Мислам на вашите неодамнешни напори да помогнете во заздравувањето на раните од земјотресите во Турција и Сирија, среде секојдневното страдање на народите, кои се наоѓаат во страшна потреба.
Се надевам дека навистина можеме да продолжиме и понатаму да им помагаме; толку многу ветувања се дадени, но сè уште е тешко да се користат нормалните банкарски системи за испраќање помош за настраданите, истакна Папата.
Папата им се заблагодари за нивните големи напори во Украина при давањето поддршка на внатрешно раселените лица и бегалците.
Сепак, сакам да ја искористам оваа прилика да ги охрабрам сите, продолжи Папата, да не недостасува конкретна близина, близина на молитва и милосрдие, со украинскиот народ разурнат од војната.
Папата го истакна и нивното внимание кон Светата Земја и Блискиот Исток и ги истакна проектите за помош на ROACO во Иран, Турција и Еритреја. Нека огромното човечко и природно богатство што Бог им го дал на овие прекрасни земји се искористи на добар начин и нека им донесе мир на нивните жители.
Осветленi од Божјата прегратка
Колку е добро, посебно за нас христијаните, рече Папата, да го слушаме Светото Слово со отворено срце и на тој начин да дозволиме да бидеме просветлени и водени не исклучиво од нашите сопствени планови, туку од милостивиот план Божји, кој сака да ги прегрне и спаси сите мажи и жени, сите Исусови браќа и сестри!
Папата истакна дека младите сакаат да бидат протагонисти на општото добро, кое треба да биде компас на општественото дејствување и повика да се слушнат нивните желби, оние кои се искажани и оние што ги носат во срцето.
Драги млади, живеете во области каде обновувањето на општото добро е неопходен услов за опстанок, истакна Римскиот епископ. Бидете чувари на мирот за сите, пророци кои сонуваат и навестуваат свет кој е поинаков и неподелен!
Трајно пријателство со Исус
Папата потсети како папата Бенедикт XVI во својот Апостолски поттик Ecclesia in Medio Oriente ги охрабрува младите луѓе да негуваат вистинско и трајно пријателство со Исус преку силата на молитвата.
За христијаните, рече папата Фрањо, тоа е примарен извор на дејствување: жива вера во Господ кој го даде својот живот за своите браќа и сестри.
Прободеното Божјо срце нè ослободува од размислување за милосрдието како професија, како калкулацијата за човекољубие, за бирократијата на добрина или уште полошо, за мрежа на политички интереси, истакна Папата.
Токму Крстот, конечното учество на Бога во страдањата на човештвото, рече папата Фрањо, им дава на христијаните, посебно на младите, автентичност што ја бараат, храброст да сведочат, сила да го надминат индивидуализмот и рамнодушноста и поголемо сочувство. Сочувство: збор што е во срцето на нашата вера затоа што ни ја покажува љубовта кон Бога, кој целосно учествува во страдањето на човештвото.
Папата Фрањо го заврши своето обраќање повторувајќи ја својата благодарност за нивната служба, благословувајќи ги нив и нивната работа.
Ватикан њуз/к.мк