Во заедништво со епископот Стоајнов и свештенството од Струмичко – скопска епархија и Скопска бискупија на 24 септември 2020 година во просториите на епископската резиденција во Скопје, о. протојереј ставрофор Зоран И. Стојанов, парох во Радово и декан при Струмичко – скопската епархија го прослави својот 25 годишен јубилеј од свештеничкото ракополагање. По тој повод свештениците му посакаа Божји благослов и здравје за да може уште многу години да служи на нивата Господова.
Отец Зоран Стојанов за свештеник е ракоположен на 24 септември 1995 година во парохиската црква „Свети пророк Илија“ во Радово од рацете на тогашниот Апостослки визитатор за католиците од источен обред во Македонија, монс. д -р Јоаким Хербут.
По повод 25 годишниот јубилеј од свештеничкото ракополагање на о. д-р Зоран И. Стојанов, епископот Стојанов ќе служи свечена архиерејска света Литургија на 4 октомври 2020 година со почеток во 10.30 часот во црквата „Свети пророк Илија “ во Радово.
Редакцијата на Католици.мк од срце му го честита јубилејот на о. Зоран!
На многаја и благаја лета!
к.мк