Папата Фрањо го прими приорот на заедницата Тезе

Папата Фрањо го прими приорот на заедницата Тезе

Светиот Отец го прими во Ватикан приорот на заедницата Тезе, братот Алојс. Нивната средба се повторува секоја година, одржувајќи го заедништвото помеѓу Папата и таа монашка заедница, која посебно се посветува на евангелизација на младите и дијалогот меѓу христијаните и религиите.

Два дена по објавувањето на Апостослкиот поттик „Christus vivit“, која е резултат на синодата за млади одржана во октомври минатата година, папата Фрањо го прими на 4 април 2019 година братот Алојс Лесер, приор на заедницата од Тезе.

После аудиенцијата кај Светиот Отец, брат Алојс во разговор за Радио Ватикан се осврна на средбата и истакна дека секоја година има можност да се сретне со Папата, а тоа е голем дар за нас, затоа што се гледа заедништвото кое го живееме со него. Тезе не е некое место надвор од земјата, ние сме дел од Црквата – истакна брат Алојс и рече дека со Папата разговарале за синодата за млади, на која и тој самиот учествуал. Се заблагодарил на Светиот Отец за присутноста на младите, затоа што нивната присутност, како и претставниците на другите Цркви, ја промениле атмосферата на тој собир.

Осврнувајќи се на Апостолскиот поттик „Christus vivit“, брат АЛојс посебно го истакна поттикот на Папата дека не треба да плашиме заради тоа што младите даваат предлози, кои за нас се малку нови и чудни. Но не смееме веднаш да одговориме негативно, инсистирајќи дека тоа не е можно, треба да ги прифатиме тие предлози без страв, а после ќе се види што треба да се прави – напомена брат Алојс.

На новинарско прашање што мисли за личното ангажирање на папата Фрањо за екуменизмот и дијалогот меѓу религиите, истакна дека тој дијалог е многу важен, а произлегува од Вториот ватикански собор. Денешниот свет е поинаков, поради тоа треба повторно да го заживееме дијалогот со религиите, со другите христијани, но и со светот на науката и современиот свет. Тоа не е само должност, која се надоврзува на нашата вера, затоа што центарот на евангелието е токму дијалогот со сите луѓе, затоа што Христос умре за сите луѓе, за целиот човечки род – рече приорот на заедницата Тезе.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот