Папата: Образованието не е само за елитата

Папата: Образованието не е само за елитата

На 9 јуни 2017 година, папата Фрањо ја отвори нова ватиканска канцеларија на Фондацијата Scholas Occurrentes, која промовира склоп на образование, уметност и спорт за да се создаде „култура на средба за мир“.

Светиот Отец во таа прилика преку видео-конференција разговараше со млади од Италија, Колумбија, Хаити, Парагвај, Аргентина, Бразил, Мексико, Шпанија и Обединетите Арапски Емирати.

„Не“ на исклучувањето, „да“ на вклучувањето! Папата рече дека сите луѓе поседуваат вредност, како што камењата имаат своја цел во светот. Ги предупреди од образованието да не направат нешто што е само „за елитата.“ За младите луѓе во подрачјето на образованието постои голема опасност: елитизам. Во некои места паричната поддршка зa образованието е опадната и создадена е елита која може да си дозволи образование. Папата Фрањо рече дека сите мора да ги имаат истите можности, посебно кога станува збор за младите кои вложуваат во животот и кој се подготвуваат да работат во општеството на утрешницата.

Светиот Отец истакна дека во образованието не станува збор за тоа дека ги знаеме работи или посетуваме настава, туку за тоа да бидеме способни да користиме три јазика: главата, срцето и раката. Тоа значи да се учи на таков начин да можеш да размислуваш за тоа што го чувствуваш и правиш; да можеш да чувствуваш за што размислуваш и што правиш; да можеш да правиш што чувствуваш и за што размислуваш. Единство внатре во човекот – рече папата Фрањо.

Потоа се фокусираше на темата глобализација која ја смета за добра, но понекогаш постои опасност за асимилација и едноличност, поништувајќи ги личните карактеристики на луѓето. Или целосно ќе се прилагодиш на системот или не постоиш! Но, вистинската глобализација – рече Папата – ја почитува различноста и само тоа општество е способно да расте, кое е подготвено да ја прифати различноста. И секој човек има задача да пронајде вистинска смисла на својата улога во животот – заврши Светиот Отец.

Папата Фрањо на 13 август 2013 година ја основа фондацијата Scholas Occurentes како меѓународна организација со Папско права, чија примарна цел е промовирање на културата на средба по пат на образованието, технологијата, уметноста и спортот. Светиот Отец синоќа ја отвори новата канцеларија која е сместена во палатата Свети Калисто, а ќе служи како база за делување во Италија. Организацијата денес е присутна во 190 земји со мрежа од скоро половина милион училишта со сите вероисповеди, а опфаќа како јавни така и приватни училишта. Движењето започнува пред дваесет години во Аргентина кога Хорхе Марио Берголио – сегашниот папа Фрањо  – беше надбискуп на Буенос Аирес.

РВ/к.мк

Таг: Папата за образованието

Клучни зборови: 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот