Онлајн средба по повод посетата на Папата во Македонија

Онлајн средба по повод посетата на Папата во Македонија

На 7 мај 2021 преку Зум апликацијата се одржа онлајн конференција по повод втората годишнина од посетата на Папата во Македонија со особен осврт на неговата средба со младите. Учествуваа млади и возрасни од различни краеви на земјата, семејства и лица посветени на Бога, христијани од различни цркви и муслимани, кои ги споделија своите впечатоци за предизвикот кој Папата го упати пред  две години: Колку е важно да сонуваме заедно!

На конференцијата присуствуваше и Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Киро Стојанов кој ги поздрави младите во свое и во име на Апостолскиот нунциј монс. Анселмо Гуидо Пекорари. Ги охрабри учесниците да веруваат во сонот на Папата: неверојатна иднина со Бог; и ги поттикна да упатат благодарствено писмо на Папата. „Посетата на Папата беше благослов за нашата земја“ – меѓу останатото рече бискупот.

Многу млади ги истакнаа едноставноста, понизноста и смиреноста кои ги доживеале во близината на Папата, силата на неговата порака која живее во многу срца. Во сведоштвата се забележува како посаеното семе на христијанската љубов и чуството за братство расте во секојдневниот живот: меѓу врсниците, на работното место, во односот кон заедничкиот дом. Учесниците се разделија со два збора: Храброст и грижа за ближниот што е најсилна вакцина.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот