Папата испрати писмо до кралот на Бахреин по повод посветата на новата катедрала

Папата испрати писмо до кралот на Бахреин по повод посветата на новата катедрала

По повод посветата на катедралата Пресвета Богородица од Арабија во петокот на 10 декември 2021 година во Авалија во Бахреин, Светиот Отец испрати писмо до кралот на Бахреин Хамад бин Иси ал Калифи.

На кралот Хамад писмото му го предаде кардиналот Луис Антонио Тагле, префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите кардинал.

Кардиналот Тагле во текот на свеченото славење на Евхаристијата ја посвети новата катедрала. Градбата ден пред посветата ја отвори царот Хамад.

На славењето на посветата присуствуваа и апостолскиот нунциј во Бахреин, Кувајт и Катар и апостолскиот делегат во Саудиска Арабија надбискупот Еуген Мартин Нугент и апостолскиот викар на Северна Арабија бискупот Пол Хиндер.

Кардиналот Тагле во хомилијата ги повика собраните да бидат „живи камења“ кои Црквата ја прават дом на Божјото семејство. Исто така истакна три начини како христијаните можат да останат живи камења во аголниот камен Христос: со слушање на Словото Божјо, принесување на себе како духовна жртва пријатна на Бог и со милосрдно служење.

Кардиналот му го претстави и писмото на Папата на кралот Хамад кој изразува желба еден ден да се сретнат во Бахреин. Потсетуваме Светиот Отец го прими кралот на Бахреин во аудиенција на 3 февруари 2020 година. (…)

Кардиналот Тагле се сретна и со некои од членовите на католичката заедница кои го имаат „единственото искуство на живеење на црковно заедништво во заедница која има мултиетнички, повеќејазични и повеќеобредни обележја.“ Мнозинството ја сочинуваат мигранти кои во кралството дошле по работа, најмногу од Азија, посебно од Филипините и Индија. Во Бахреин меѓу приближно 1.7 милиони население има 10% христијани, од кои 80 илјади се католици. Иако таму на сила е шеријатскиот закон, таа е една од ретките земји на Арапскиот полуостров кој има локална христијанска заедница.

Катедралата Пресвета Богородица од Арабија ќе биде центар за богослужба и за останатите католции на Арапскиот полуостров, посебно за оние од Саудиска Арабија каде христијаните не можат слободно да се собираат. Се проценува дека во Саудиска Арабија живеат повеќе од милион католици, во Кувајт околу 350.000, а во Катар помеѓу 200.000 и 300.000.

Катедралата е изградена на земјиште од 9.000 метри квадратни кое во 2013 е подарено од кралот Хамад. Градењето започнува кога апостолски викар е бискупот Камило Балин кој почина во 2020 година пред завршувањето на катедралата. Најголема црква на Персисикиот залив може да собере повече од 2.300 верници колку што има места за седење. (…)

Пресвета Богородица од Арабија папата Пио XII во 1957 година ја поргласи за главна заштитничка на Апостолскиот викаријат во Кувајт кој од 31 мај 2011 година е проширен на Бахреин, Катар и Саудиска Арабија под името Северна Арабија. Затоа седиштето на викаријатот е преместено од Кувајт во Бахреин.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот