Од проповедта на Папата: Светиот Дух е најголемиот Божји дар

Во молитвата од Бог бараме толку работи, но најголемиот дар кој може да ни го даде е Светиот Дух – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 9 oктомври во домот Света Марта, толкувајќи го денешното Евангелие кој го дава настанот за човекот во неволја, кој е упорен во своето барање до пријателот, сѐ додека не добие што бара.

На Божјото милосрдие е својствено – како што сите знаеме – не само да простува гревови, туку и да биде великодушен и да дава повеќе и повеќе… Молевме на почетокот: додај го и она за кое не се осудуваме ниту да се надеваме… Во молитвата бараме ова и она, а Он ни дава и повеќе; секогаш повеќе.

Во денешното Евангелие се клучни три зборови: пријателот, Отецот и дарот. Исус на апостолите им покажува што е тоа молитва. Како кога некој човек на полноќ отиде кај својот пријател да бара она што му е потребно. Во животот постојат златни пријатели, кои сè ќе ви дадат, има и такви повеќе-помалку добри; а Библијата ни вели: еден, два или три. Потоа имате и други пријатели, но не се како овие. Па, ако сме и напорни и нападни, пријателскиот однос прави да ни се даде она што го бараме – рече папата Фрањо.

Исус продолжува и започнува да говори за Отецот: И кој татко од вас, ако синот негов му побара риба, па да му даде риба наместо змија? Или ако побара јајце, да му даде скорпија? И така, значи, ако вие, бидејќи лукави, умеете да давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе Небесниот Отец? Не само пријателот, туку и Отецот небесен ни го дава она што бараме од Него, бидејќи толку нè љуби и за што Исус вели дека ги храни и птиците во полето – објаснува Папата. Исус во молитвата сака да ја разбуди нашата доверба и вели: Сакајте и ќе ви се даде, барајте и ќе најдете, чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој што сака – добива, и кој бара – наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори… – рече Папата повторувајќи ги Исусовите зборови. Тоа е молитвата: да молиш, да бараш и да чукаш на Божјото срце. И Бог ќе го даде Светиот Дух на оние кои Го барат – потсети Папата.

Тоа е дар: тоа е она Божјото „повеќе“. Бог никогаш не ти дава некој дар, а претходно добро да не го завитка; а да не му додаде нешто што ќе го направи поубав. Тоа повеќе што Господ Отецот наш ни го дава е Светиот Дух: вистински дар на Отецот и она што во молитвата не се осудуваме да го побараме или на тоа да се надеваме – повтори Светиот Отец. Моли се со пријателот кој е со нас и нè следи на животниот пат; моли се на Отецот во Светиот Дух… Пријателот е Исус – објасни папата Фрањо.

 Он, кој нè следи, нè учи како да се молиме. Нашата молитва така ќе биде троиствена. Немојте да се соблазните, но Бог не постои како некоја идеја во воздухот, туку како Отец, Син и Светиот Дух; Бог- Спреј – се пошегува Папата – не постои. Постојат луѓе! Исус Кој е наш пријател на животниот пат; Отецот кој нè љуби и за нас се грижи и Светиот Дух Кој е дар – она „Повеќе“ – што Отецот ни го дарува: Она за кое не се осудуваме да молиме – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот