Огнената стихија горела сѐ пред себе, но Богородичната статуа чудесно останала недопрена

Овие денови на интернет се појави неверојатната фотографија – на неа е прикажана статуата на Богородица од Лурд која после пожарот останала чудесно недопрена заедно со цвеќињата околу себе, додека околу неа било сѐ изгорено.

Овој чудесен настан се случи во воената база Ел Госоло, недалеку од Мадрид, а за него известија неколку шпански медиуми.

Во воената база избувнал пожар кој целосно бил надвор од контрола и почнал да ја уништува вегетацијата. Како што известија медиумите, откако го изгасниле пожарот, пожарникарите виделе глетка за која немале никакво објаснување. Во средина на опустошената површина од пожарот стоела целосно недопрена статуата на Богородица од Лурд. Не само тоа, туку и земјата околу неа на која се наоѓале цвеќиња останала недопрена и пожарот целосно ја избегнал.

Пожарот се случи кон крајот на претходниот месец, после што се појави фотографијата на интернет и почна да се шири во виртуелниот свет. Многумина се сомневале дека станува збор за класична интернетска измама, но откако неколку сериозни медиуми ја потврдија приказната и веродостојноста на фотографијата, сомнежот исчезна.

Инаку, оваа статуа на Богородица од Лурд, некогаш била користена на воените процесии и прослави во таа иста воена база, а многу војници не ни знаеле дека таму се наоѓа, бидејќи била обрасната со вегетација.

Се разбира, секој од нас може да реагира на различен начин на овој настан за кој очигледно нема рационално објаснување. Она што е убаво во него е сликата на статуата на Богородица која недопрена излегува од огнената стихија која уништила се околу себе и духовната порака која таа слика ја праќа.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот