Четврта објава
Тринаесетти август 1917 година. Бидејќи веќе кажав што се случи тој ден, не застанувам на тоа, туку веднаш преминувам на објавата, која, како што ми изгледа, се случи на петнаесетти тој месец, приквечер.
Бидејќи во тоа време сè уште не знаев да ги бројам деновите во месецот, можеби се лажам. Но, ми се чини дека тоа се случи оној ист ден кога се вративме од Вила Нова де Оурем.
Фрањо, неговиот брат Иван и јас ги пасевме стадата на едно место кое се вика Валинхос. Одеднаш почувствуваме како нè исполнува нешто натприродно и при тоа насетивме дека би можела да се објави Пресвета Богородица.
Жалејќи што Јацинта ја нема меѓу нас, го замоливме Иван да оди да ја повика. Бидејќи тој не сакаше да отиде, му понудив две парички. Тогаш истрча.
Во меѓувреме, Фрањо и јас веќе ја забележавме светлината која се приближуваше. Во моментот кога пристигна Јацинта, се покажа Пресвета Богородица на изворот.
- Што сакаш од мене?
- Сакам да продолжите да доаѓате во Кова да Ирија, секој 13 ден во месецот и да молете Бројаница секој ден. Последниот месец ќе направам чудо, за сите да поверуваат.
- Што сакаш да направам со парите кои луѓето ги оставаат во Кова да Ирија?
- Купете две подвижни постолја! Едното ќе го носиш ти и Јацинта со две други девојчиња, другото постолје нека го носи Фрањо и уште три момчиња!
- Постолјето ќе служи за празникот на Пресвета Богородица на светата Бројаница. Што однапред ќе пристигнува, нека се употреби за подигање на една капела!
- Би сакала да побарам оздравување за некои болни.
- Добро, некои ќе ги оздравам во текот на годината.
Потоа поприми уште потажен изглед и рече:
- Молете, молете, многу! Жртвувајте се за грешниците, затоа што многу души одат во пеколот само затоа што за нив никој не се жртвува и не моли.
Како и порано, се подигна и тргна кон исток.
Фатимска порака Луција говори/к.мк