Свети евангелист и апостол Матеј

Свети евангелист и апостол Матеј

Во Евангелието, самиот Матеј раскажува за својот повик од страна на Исус. Свети Јероним забележал дека само тој, во своето Евангелие, се нарекува самиот себе со сопственото име: Матеј; додека другите евангелисти го нарекуваат Левиј, неговото второ име, веројатно помалку познато, речиси да го прикријат неговото име на цариник. Матеј сепак се опишува во спротивна смисла: се препознава како цариник кој бил повикан од Исус, еден од оние помалку чесни и омаловажувани цариници како соработници на окупаторските Римјани. Цариниците, грешниците повикани од Исуса се скaндал за општеството.

Матеј самиот себе се претставува како цариник кому му било простено и бил повикан од Исус, и на тој начин нѐ тера да разбереме во што се состои апостолскиот повик. Пред сѐ тоа е спознавањето на милосрдието Господово.

Во списите на Црковните оци честопати се зборува за Апостолите како „принцови“; Матеј не се претставува како принц, туку како грешник кому му било опростено. И токму во тоа се состои основата на апостолатот: да се има добиено Господовото милосрдие, да се има земено во обзир сопствената сиромаштија и мизерија, да се има прифатено како „место“ во кое се излева преголемото Божје милосрдие: „Сакам милосрдие; не дојдов да ги повикам праведните, туку грешниците“.

Една личност која има длабоко чувство за божественото милосрдие, подготвена е за еден автентичен апостолат. Кој не го поседува, иако е повикан, тешко може длабоко да ги допре душите, бидејќи нема контакт со љубовта Божја, со милосрдната Божја љубов. Вистинскиот апостолат, како што вели свети Павле, полн е со понизност, кроткост, трпение, искусувајќи го за самиот себе трпението, кроткоста и понизноста Божја: Божјата понизност која бдее над грешниците, ги повикува, ги покренува трпеливо.

Да побараме од Господа да го поседуваме оваа длабоко чувство на нашата понизност и на неговото големо милосрдие; ние сме грешници на кои ни е простено. Иако не сме направиле големи гревови, треба да кажеме како свети Августин дека Бог предвреме ни ги простил гревовите кои поради неговата милост не сме ги направиле. Свети Августин го славословувал Божјото милосрдие кој му ги опростил гревовите кои поради сопствена вина ги направил и оние кои поради чистата милост Господова ги избегнал. Сепак сите може да му заблагодариме на Господа за неговото бесконечно милосрдие и да ја спознаеме сопствената мизерија на грешници –  помилувани, воскликнувајќи од радост заради божествената добрина.

Ла Киеза/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот