Плодете се, и множете и наполнете ја земјата

Плодете се, и множете и наполнете ја земјата

Плодете се, и множете се и наполнете ја земјата. Бог, Јахве, добар и милосрден, сака да го развесели човекот со потомство, сака земјата да ја озвучи со детската радост.

И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги морските риби, и небеските птици, и сите животни што лазат по земјата!“ (1Мојсеева1,28).

Работата е само во длабочината на твоето „да“ пред Бог

Работата е само во длабочината на твоето „да“ пред Бога. Работата е само колку си подгoтвен да скокнеш од врвот на планината во провалија, притоа длабоко верувајќи дека Тој ќе те фати. Работата е во тоа колку си подготвен да скокнеш во Божјото милосрдие, во тоа море длабоко, длабоко и лишено од вашиот вишок. Работата е само, колку ќе се препуштиш на Бог и ќе се откажеш од себе и почуствуваш глад за живиот Христос.

Храната е на масата. Дојдете и земете Ме, земете сите кои сте жедни, пијте Ме. Земете и јадете го моето Тело, пијте ја мојата Крв, наполнете ја својата душа со нектарот на неминливото, со длабочината на сржта, со Божјата длабочина.

Зошто се плашите од тоа „да“ на Мене? Дојдете и потпрете го својот страв, Јас ќе го скршам. Дојдете и натопете го вашето тело во чашата со Крв која вас ве очистува, која го отфрла талогот на мувлата од вашите души. Дојдете и земете Ме, носете Ме во својата бит.

Зошто ја отфрлате длабочината на средбата со Бога? Зошто го загушувате својот дух со контрацепција?

И им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата“ (1Мојеева 1,28). Зошто луѓето се плашат од својата плодност? Зошто ја отфрлате длабочината на средбата со Бога? Зошто го загушувате својот дух со контрацепција? Зошто ме избегнувате? Јас, Јахве, Бог на милосрдието, сопственик на сѐ што е создадено, сакам така да го положам своето светло, и да кажам „нека биде“ над послушноста и љубовта на вашата заедничка посветеност.

Плодете се, и множете се и наполнете ја земјата. Бог, Јахве, добар и милосрден, сака да го развесели човекот со потомство, сака земјата да ја озвучи со детската радост.

Плодете се радосно имитирајќи го добриот Отец

Плодете се и множете се бидејќи плодноста е дар Божји, таа е Божја можност за слободна одлука за да Му дозволиме Тој да делува. Да создаде. Да креира. Да го зголеми човештвото. Да ги зголеми откупените. Плодете се. И множете се. Бидете слободни и изберете го Бог, служете им на децата, служете му на Бог во малите.

Плодете се, слуги на малите, плодете се радосно имитирајќи го добриот Отец, кој овозможува да течат реки, чисти реки. И да пиеме. Кој ги храни созданијата со сонце и израснатите растенија; Бог кој е поставен во создавањето, неговиот збор е навлезен во секоја појава која нас нѐ опкружува. Во земските сили. Тој го вдахнал својот Дух во малото дете.

Бог на плодноста. Бог на множеството и единственоста, Бог – „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата“. Бог кој почитува и кој создава.

Амин.

Марија Гргиќ/Жена врсна/к.мк/о.Ѓ.Појразов

Категорија: Вера, Семејство

За авторот