Слово за живот, февруари 2018

Слово за живот, февруари 2018

„На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум.“ (Откровение 21,6)

Апостолот Иван ја напишал Книгата на Откровението за да ги утеши и охрабри христијаните во тоа време пред прогонствата што тогаш се ширеле. Богата со симболички слики, Книгата ја открива Божјата визија во историјата и конечното завршување: неговата конечна победа над секоја сила на злото. Таа книга е прослава на една цел, целосниот и славниот завршеток што Бог му го наменил на човештвото. Тоа е ветување за ослободување од секое страдање: Бог „ќе ја избрише секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе“ (Откровение 21,4)

„На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум

Таквиот поглед има свои корени во сегашноста, за секој кој веќе започнал да живее во искрено барање на Бога и неговото Слово кое ги прави видливи Неговите планови; за оној кој во себе чувствува жед за вистина, за праведност, за братство. Да се почувствува жед и да се бара, тоа за Бога се позитивни знаци, добар почеток, а Тој им ветува дури и извор на животот.

Водата која Бог ја ветува е бесплатно понудена. Затоа не е понудена само на оној кој се надева дека е драг во неговите очи според личните заслуги, туку и на секој кој чувствува тежина од сопствената кршливост и се предава на неговата љубов, сигурен во оздравување и полнота на животот, среќа. Затоа да се запрашаме: за што сме жедни? И на кои извори ја гаснеме жедта?

„На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум.“

Можеби сме жедни за прифаќање, за заземање на значајно место во општеството, за остварување на сопствените планови. Ова се оправдани желби, но можат да нé доведат до загадени бунари на себичноста, до затворања во личните интереси, сé до угнетување на послабите. Народите кои немаат доволно извори за чиста вода добро ги познаваат кобните последици од недостаток од тој ресурс кој е повеќе од потребен за живот и здравје.

Сепак, понирајќи длабоко во нашето срце, ќе наидеме на уште една жед која самиот Бог ја вградил во него: да се живее животот како добиен дар кој треба да се дарува. Затоа да црпиме од чистиот извор на евангелието, ослободувајќи се од оние отпадоци кои можеби го прикриваат. Да дозволиме и нас да нé преобрази во извори на великодушна, пријателска и бесплатна љубов кон другите, не застанувајќи пред неизбежните потешкотии на патот.

„На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум.“

Кога меѓу христијаните се остварува заповедта на взаемната љубов, му овозможуваме на Бог посебен зафат, како што пишува Кјара Лубик:

„Секој миг во кој настојуваме да го живееме евангелието е капка жива вода која ја пиеме. Секој гест на љубов кон нашиот ближен е голтка од таа вода. Да, затоа што таа така жива и драгоцена вода има своја посебност: струи во нашите срца секој пат кога ја отвораме нашата љубов кон сите. Тој Божји извор дарува вода онолку колку нејзината длабока жила служи за гаснење на жедта на другите, во малите и во големите дела на љубовта. А ако продолжиме да даваме, тој извор на мир и живот ќе дарува вода во малите и во големите дела на љубовта. А ако продолжиме да даваме, тој извор на мирот и животот ќе дава вода сé пообилно и никогаш нема да пресуши. Исус ни објави уште една тајна, некој вид на бунар без дно од кој можеме да црпиме. Кога двајца или тројца ќе се обединат во негово име, љубејќи се еден со друг со неговата љубов, Тој е меѓу нас. Тогаш се чувствуваме слободни, полни со светлина, и изобилство жива вода извира од нашето срце. Тоа Исусово ветување се остварува, затоа што од него самиот, присутен меѓу нас, извира вода и ја гаси жедта засекогаш.“

Летиција Магри

Категорија: Вера, Духовност

За авторот