Обредот Страдања Господови во Скопската катедрала

Обредот Страдања Господови во Скопската катедрала

Обредот Страдање Господово, на Велики петок, 29 март 2024 година во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје го предводеше Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов. На обредот сослужуваа катедралниот парох патер Винко Маслаќ, бискупскиот канцелар протојереј ставрофор отец Марјан Ристов и катедралниот капелан патер Томислав Рукавина. За време на обредот исповедаше протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов.

Страдањето според Евангелието од Иван го пееше патер Винко Маслаќ и Драган Георгиевски, додека пригодна проповед одржа патер Томислав Рукавина. Обредот беше придружуван со пеење на Катедралниот хор.

По проповедта следуваше поклонување на Крстот Господов, кој бискупот Стојанов го постави пред олтарот, а верниците пристапуваа и се поклонуваа. Потоа следуваше причест со хостии посветени на Велики Четврток за време на Литургијата Вечера Господова, а обредот заврши со положување на телото Исусово во гробот.

к.мк

повеќе фотографии на FB

Категорија: Вести, Македонија

За авторот