Дубаи: Млади луѓе од различни вери го живеат братството

Дубаи: Млади луѓе од различни вери го живеат братството

Во рамките на богатата програма на Дубаи Експо од 2 до 5 февруари 2022 година се одржува II. Меѓународен ден на човечкото братство, е организиран и вториот фестивал „Човечко братство во акција“ со учество на четириесетина млади луѓе од сите континенти и различни вери.

Фестивалот го организраат Министерството за толеранција и соживот на Обединетите Арапски Емирати и Високиот комитет за човечко братство за да ги промовираат принципите – од верска слобода до отфрлање на тероризмот – од Документот за човечко братство потпишан на 4 февруари 2019 година во Абу Даби од папата Фрањо и најголемиот авторитет на сунитскиот исламот, големиот имам Ал-Азхара Ахмед ал Тајеб .

На третата годишнина од потпишувањето на документот, млади луѓе, претставниците на големите светски религии заедно со креаторите на политики разговараат за тоа како да се спроведат принципите на мирен соживот и братство меѓу луѓето од различни култури и националности, работејќи заедно на проекти кои му служат на општеството и светот, обезбедувајќи подобра иднина за сите.

На 2 февруари, Шама Ал Мазруи, министер за младински прашања во Обединетите Арапски Емирати, судијата Абдулсалам, генерален секретар на Високиот комитет за човечко братство и Андреа Фонтана, амбасадор на ЕУ во ОАЕ, разговараа со младите во Младинскиот павилјон на тема: „Негување на човечкото братство“.

Младите пристигнаа во Дубаи од целиот свет благодарение на проектот “Youth Majlis”, иницијатива за соработка помеѓу Високиот комитет за човечко братство, Европската унија и Федералната младинска администрација на ОАЕ, која има за цел да им даде можност на младите да градат посилни врски во целата земја и светот. Сè е поврзано и со посветеноста на Европската унија да ја прослави 2022 година како Година на младите.

“Youth Majlis” има за цел да ги собере младите луѓе и носителите на одлуки на дијалог затоа што е потребно за да се негува човечкото братство во различни сектори“, истакнуваат организаторите. Секој говорник објасни на кој начин во своето поле на делување настојува да ги негува различните столбови на човечкото братство, а потоа младите поставуваа прашања во отворен дијалог што овозможи вистинска размена на идеи.

Во попладневните часови, дваесетина млади студенти од ОАЕ и други земји, муслимани, хиндуси, христијани и Евреи, беа протагонисти на четиричасовната сликарска сесија предводена од меѓународни уметници на групата „We love art”. Во просторијата во павилјонот на Обединетите Арапски Емирати, која гледа на големата отворена купола на Ал Васла, срцето на Експо, заедно сликаа во духот на човечкото братство. Следејќи ги првичните навестувања на Денизе Шмиц, основачот на „We Love Art“ и нејзините соработници, но според сопствените чувства, тие ги репродуцираа Мона Лиза на Леонардо, Постојаност во сеќавањето на Дали и лицето на камила од еден марокански уметник.

Руската архитектка и уметничка од „We Love art“ Марија Јандулова, која студирала во Италија, се омажила за италијански колега, а потоа се преселила со него во Дубаи, рече дека „ е убаво што ние уметниците кои доаѓаме од толку различни земји можеме да ги учиме овие млади луѓето со рафинираните техники во нашите земји. Нема други уметнички училишта овде во Емиратите и тоа е нешто ново за нив“. Таа е воодушевена од иницијативата, бидејќи „уметноста е јазик што ги обединува народите, нема верски, старосни или полови бариери. Сите сме исти, имаме иста четка, иста боја што ја нанесуваме низ очите, пренесувајќи ги нашите емоции на платно. И ова е прекрасно. Се разбираме преку уметноста, зборуваме на ист јазик“.

Захра Калифа од Министерството за толеранција и соживот на ОАЕ, ангажирана во групи за толеранција на универзитетите, вели дека на овој начин ги спојуваат студентите и универзитетите, се запознаваат и работат на толеранцијата во секојдневната практика. Во контекст на Обединетите Арапски Емирати, објаснува таа, „толеранцијата е синоним за братство и тоа е значењето на оваа сликарска сесија. За нас, толеранцијата не е само да го трпиш некој што не го познаваш или не го сакаш, туку да бидеш љубопитен, да научиш да ја сакаш таа личност која е различна од тебе и да имаш отворен ум, разбирање за учење од различни култури и различни луѓе, дури и ако не се согласувате со нив. Така нема да останете затворени само со таквите како вас и во вашата култура. Тоа е да се живее во хармонија и да учиме еден од друг, бидејќи светот станува подобар само ако ги здружиме силите“.

Темата избрана за сликарската сесија е „Ламасат“, што на арапски значи „да се биде во контакт“, а овде тоа го правиме преку уметност која е универзален јазик и навистина е лесно да се обединат луѓето на овој начин. Уметниците се исто така луѓе кои обединуваат различни култури, бидејќи се познати. Изборот да се наслика Мона Лиза на Леонардо е затоа што таа е една од најпознатите и најомилените слики во историјата. А Салвадор Дали, кој времето го опишува како илузија, ни објаснува дека живееме во реалност која се движи многу брзо и ни овозможува да сфатиме дека не е време да ја изгубиме врската меѓу нас. Камилата е исто така симбол на пустината, која е дел од нашата средина, која треба да се заштити од климатските промени“, рече Калифа.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот