Папата: Мафијата победува кога стравот владее со животот

Папата: Мафијата победува кога стравот владее со животот

Првите жртви на организираниот криминал се оние последните во општеството, современи робови на кои се гради мафијашки економии, им рече папата Фрањо на учесниците на средбата организирана на поттик на Папската меѓународна маријанска академија, по повод 30 годишнината од делувањето на Истражната управа за борба против мафијата. Упати исто така силен апел да се изградат „куќи“ во знак на еднаквост, праведност и братство од кои треба да се шири културата на законитоста.

Ве поттикнувам да продолжите со ентузијазам и покрај присуството во општественото – но и во црковното – ткиво по некои темни зони во кои е тешко да се воочи јасната одвоеност од старите начини на делување погрешни и дури неморални – истакна папата Фрањо примајќи ги во Ватикан учесниците на средбата во организација на Папската меѓународна маријанска академија, по повод 30 годишнината од делувањето на Истражната управа за борба против мафијата. Папата им изрази поддршка и благодарност за чувствителната и опасна работа во спротивставувањето на мафијата и таму каде има нејасни работи и учество, повика на „здрав срам“ без кој – како што рече, не е можна промена, а взаемната соработка за општото добро останува илузија.

Заедничкиот братски живот и општественото пријателство се можни таму каде постои куќи кои остваруваат пакт меѓу генерациите, синодално чувајаќи ги здравите корени на оние кои верувале и веруваат во убавината на заедничкиот живот во дијалогот, срдечноста и поддршката на праведноста за секој – објасни Папата. Куќи и семејства оживеани со занесот на еднаквоста, праведноста и братството. Тие куќи делуваат како богатства и силни антитела против едностраните интереси, корупцијата, алчноста и насилството кои се DNA на мафијата. (…)

Ако недостасува сигурност и законитост – додаде папата Фрањо, први жртви се најслабите; последните. Сите тие се современи робови на кои се градат мафијашките економии; тие се отпад кои им е потребен за да го загадат општетсвениот живот и самата животна средина. Затоа ве поттикнувам бидете блиску до сите тие луѓе, жртви на ароганција, настојувајќи да го спречите и да се спротивставите на криминалот.

Папата потоа ги поттикна да се спротивстават на мафијашката култура на колонијализмот и тоа преку истражувања, проучување и обука. Освен тоа, мафијашката мисла влегува како културна колонизација и тоа толку што да се стане мафијаш веќе е дел од културата, пат по кој треба да се помине. Меѓутоа тоа не е добро. Тоа е пат на ропство – истакна Папата и им се заблагодари за нивната работа со која го избегнуваат тој пат. Граѓанскиот, општествениот и еколошкиот напредок не произлегуваат од корупцијата и привелигијата, туку од праведноста, слободата, чесноста и солидарноста – истакна на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот