Ватиканската пошта ги издаде првите поштенски марки оваа година, кои ќе бидат објавени на 22 февруари, со фотографии од папата Фрањо со претставници на други религии. Пригодниот мотив за Велигден сè уште не е познат.
На поштенските марки Папата е со римскиот рабин Рикардо Ди Сегни во 2016 година, со големиот имам Ахмад ал-Тајеб во 2019 година во Абу Даби, со будистичкиот патријарх Сомдет Фра Аријавонгсагатанан IX. во 2019 година во Банкок и хиндуистичкиот Курукал Шива Шри Махадев во 2015 година во Шри Ланка. Серијата ја отсликува пораката од последната енциклика на Папата „Сите сме браќа“ (Fratelli tutti) дека припадниците на сите религии треба заедно да придонесат за изградба на подобар свет.
Номиналната вредност на новите марки е 1,10 евра, 1,15 евра, 2,40 евра и 3 евра, објави Ватиканската пошта. Оваа година, во план се и серијата поштенски марки за 90. годишнината на Радио Ватикан, 160. годишнината од полуофицијалниот дневен весник на Ватикан – Л’Осерваторе Романо, загрозената фауната во Европа, свети Антун Падовански, 500. годишнината од преобраќањето на Игнатиј од Лојола, 700.годишнината од смртта на Данте Алигиери, 450. роденден на сликарот Караваџо и 52. Меѓународен евхаристиски конгрес, кој ќе се одржи во септември во Будимпешта.
Ватикан нуз/к.мк