Неочекувано патување во Мексико со човек кој умира

Немав намера да одам за Мексико. Мислев дека деновите ќе ги поминам завршувајќи ги недовршените текстови кои долго ги запоставував. Но, сè се промени кога го запознав Рамон, раскажува парохот Џеф Худ

Два дена порано дојдов во Каролтон, Тексас, како би го запознал момчето кое умира од рак на коските и му беше потребна помош. Штом го видов, знаев дека ситуацијата е страшна. Таткото на Рамон помагаше колку што можеше, а другите членови од семејство беше во Гвадалајара. Им требаше помош Рамон да го вратат во Мексико.

После бројни разговори, луѓето од нашата црква успеаја да го осигурат враќањето на Рамон дома. Многу ме трогна целата ситуација. И тогаш човекот која требаше да патува со Рамон ненадејно се откажа, па се постави прашањето кој ќе оди со него. Иако зборовите излегоа од мојата уста, јас знам дека не ги изговорив. Како да слушнав некој друг да говори – „Јас ќе одам“. Кога сфатив дека тоа беше мојата уста, сфатив дека всушност говореше Светиот Дух.

Во оваа бескрајна вселена, почувствував само чудесна човечка поврзаност наспроти смртта и јазичните и културолошки бариери.

Следните неколку дена, многу ме фрустрираше ситуацијата на Рамон. Иако десет години напорно работеше овде во САД и плаќаше данок, не успеа да добие документи, ниту да оствари здравствено осигурување кое би можело да му го спаси животот. Затоа што е Мексиканец, овде имаше поинаков статус. Иако живееше со нас, не беше дел од нас. Заборавивме дека сите припаѓаме едни на други. Заборавивме дека Рамон е сите ние и дека сите ние сме тој.

Моментот кога таткото на Рамон му го упати последниот поздрав и бакнеж беше мошне трогателен. Во тоа видов колку Господ нас нè сака и молев за денот кога смртта повеќе нема да ја има. Во моментот кога Рамон за последен пат во животот го прегрна и бакна својот татко, знаев дека сведочам на нешто вечно.

Му помогнав на Рамон да се качи во авионот, му дадов лек против болки, а покрај неговата борба и болка и јас се борев со болката што овој 28-годишен млад човек умира пред моите очи. Кога Рамон се прекрсти и ја бакна бројаницата, ја почувствував полнотата на верата. Низ ова наше духовно патување, сфатив дека Господ е Тој Кој нè поврзува.

Кога стигнавме во Гвадалајара, ни пријде една жена. Рече дека Рамон го видела на телевизија и му даде некоја пара. Го замоли да се моли за неа на Дева Марија од Гвадалупе. Но, јас сфатив дека благословот е веќе даден токму низ рацете на таа жена.

Посебно беше трогателен моментот на средбата на Рамон со браќата и пријателите. Во таа голема тага поради крајот кој се приближуваше, радоста потполно ја надвладеа смртта. Иако патот на Рамон заврши, знам дека само што започна.

Го познавав само три дена, но засекогаш ќе се сеќавам на него. Љубовта е вечна. Кога ќе ги тргнеме границите и ќе дозволиме љубовта да влезе, сфаќаме дека припаѓаме едни на други. Се молам целиот свет тоа да го сфати. Амин.

Лаудато/С.С.

2317

За авторот