Сестра Еврозија: Смиреноста е надеж и надежта е смиреност

Сестра Еврозија: Смиреноста е надеж и надежта е смиреност

Ве молам сестри да не Го навредувате Бога со нашата слаба вера и надеж во Него!

„Мили мои сестри, не треба да се плашиме и да го обесхрабруваме пред време она кое би можело да нѐ сплоти! Да го сочуваме спокојството, зошто верувајте ми, ќе биде само тоа кое Бог сака да се случи. Пред време да не ја свиткуваме главата, зашто тоа не би помогнало или да го намали злото, кое може да не сполети. Така ние си ја зголемуваме маката и ја правиме поголема отколку што е всушност.

Ве молам сестри да не Го навредувате Бога со нашата слаба вера и надеж во Него! Тој многу повеќе нѐ сака отколку што ние сами себе си се сакаме. Тој знае, многу подобро од нас, што е подобро за нас, според тоа, ако ние целосно се надеваме во Него и синовски е потчинуваме на Неговата света волја, без сомнение, многу полесно би ги поднеле маките и неволјите, кои Тој ни ги испраќа!

Овие зборови таа ги произнесуваше со таква благост и доверба во Бога што беше невозможно да не нѐ трогне и утеши. Тие проникнуваа длабоко во нашите срца, оставајќи во нас мил и незаборавен спомен за нашата света Мајка.“

„Нашата добра Мајка настојничка постојано ни препорачуваше целосно предавање во рацете Божји, слично на мало дете во рацете на својата мајка. Смиреноста е надеж и надежта е смиреност – таа често ни повторуваше. Како што детето, што ја осознава својата слабост и немоќ, се фрла во рацете на мајка си, а кога таа ќе го остави на земјата, тоа не престанува да вика: мамо, мамо… додека мајка му не го земе повторно во раце, а тоа станува спокојно, веќе не му е страв; така и ние треба да викаме кон Бога со голема надеж и кога ќе почувствуваме дека Тој нѐ зел во раце, ние сме спокојни и не се плашиме од ништо!“

(текстот е извадок од книгата Животот на Еврозија Алоати сестра Марија Христина Исусова од Отец Јосиф Алоати свештеник од мисијата на отците Лазаристи)

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот