„Оазата на мајка Клелија“ – спас од ропство

„Оазата на мајка Клелија“ – спас од ропство

Помош на жртвите на трговијата со луѓе на улиците на италијанските региони Лацио и Абруцо е посланието на сестра Карла Вендити, монахиња во Дружбата апостоли на Пресветото Срце Исусово. За да го финансисра проектот „Оазата на мајка Клелија“ станува писател.

Сестра Карла Вендити монахиња на Дружбата апостоли на Пресветото Срце Исусово напиша книга „Побунет нарцис“ во која им се обраќа на младите и сака да ги поттикне да ја пронајдат убавината внатре во своето срце и да кажат „не“ на опасните и погрешни патишта. „На многумина им се исечени крилјата, вели сестрата за Ватикан њуз, „затоа што не го гледаат богатството кое Бог во нас го ставил.“

„Оазата на мајка Клелија“

Во 2015 година е започнат проект од сестрите на Дружбата апостоли на Пресветото Срце Исусово во Италија со наслов „Оазата на мајка Клелија.“ Целта на проектот е да им помогне на жените, жртви на трговијата со луѓе кои се присилени да се занимаваат со проституција. Парите заработени со продажбата на книгата „Побунет нарцис“ се наменети за проектот. Мајка Клелија Мерлони основателка на Дружбата, која оваа година ќе биде прогласена за блажена.

Спасени сме кога Бог влегува во нашето срце

Како и нарцисот во приказната на сестра Карла многу девојки процветале. Сестра Карла меѓу останатото вели дека е прекрасно да се види како овие девојки се ослободуваат од тагата и стануваат радосни, како од ропство преминуваат во слобода на срцето и душата. Напоменува дека девојките никој не ги прашува дали веруваат или не во Бог и додава дека имаат прилика да видат како живеат сестрите и да се уверат дека за нив молитвата е во центарот на сѐ. Една од девојките сместени во куќата посакала да се крсти и тоа ја променува – рече монахињата и додава дека сме спасени кога Бог влегува во нашето срце.

Убавината на Провидноста

Сестра Карла ја истакнува убавината на Провидноста која ја спознала учествувајќи во проектот „Оазата на мајка Клелија“. Тоа искуство – напоменува – ја уверило дека молитвата го менува животот. На сестра Карла и на нејзините сосестри имал влијание и папата Фрањо кога ги повикал монасите и монахињите да ги отворат манастирите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот