Некои христијани се плашат од воскресната радост

Има христијани кои се плашат од воскресната радост која Исус сака да ни ја даде, нивниот живот изгледа како некој погреб, а воскреснатиот Господ секогаш е со нас – рече Папата во проповедта на светата Литургија на 24 април во капелата на домот Света Марта.

Денешното литургиско читање проповеда за Исусовото укажување на ученици. На Господовиот поздрав „Мир вам“, наместо да се радуваат учениците се збунети и полни со страв, мислат дека имаат привидение. Исус настојува да им објасни дека тоа што го гледат е реалност: ги повикува да го допрат неговото тело, барајќи им да му дадат нешто да јаде. Сака да ги воведе во радоста на воскресението, радост на неговата присутност со нив. Но, учениците не можеле да веруваат во радост; се плашеле – реч Папата.

Стравот е болест на христијаните. Се плашиме од радоста. Подобро е да мислиме: Да, постои Бог, но е таму. Исус воскреснал, но е таму. Подобро е да се држиме подалеку. Се плашиме од Исусовата близина, затоа што тоа ни дава радост. Ете, на тој начин се објаснуваат бројните погребни христијани, зар не? Нивниот живот изгледа како траен погреб. Тие наместо да се радосни, се тажни. Подобро се справуваат во темнина отколку на светло, како животните кои ноќе излегуваат, а не преку денот, не гледат ништо. Исто како лилјаци. Со малку иронија можеме да кажеме дека таквите христијани се лилјаци, кои наместо светлоста на Господовата присутност ја избираат темнината – рече папата Фрањо.

Исус со своето воскресение – продолжи Папата – ни подарува радост: христијанска радост, радост од блиску да го следиме, радост за да чекориме по патот на блаженствата, радост да бидеме со него. А ние често сме запрепастени кога ни доаѓа таа радост или сме полни со страв и веруваме дека гледаме дух или мислиме дека Исус е начин како треба да делуваме: ние сме христијани и така мораме да правиме, бидејќи каде е Исус? Исус е на небо, разговараш ли со Исус? Верувам дека живееш, дека си воскреснал, дека си со мене, дека не ме оставаш? Христијанскиот живот треба да биде: разговор со Исус, затоа што Исус секогаш е со нас – а ова е вистина – секогаш е со нашите проблеми, со нашите тешкотии, со нашите добри дела – рече Светиот Отец.

Колку пати – продолжи Папата – ние христијаните не се радуваме, бидејќи се плашиме! Такви се христијаните поразени на крстот. Во Аргентина една поговорка гласи: Кога некој ќе се изгори од жешко млеко, штом виде крава плаче. Тие се изгореле од драмата на крстот и велат: Не, овде запираме; Он е во небо; воскресна, многу добро, но нека не се појавува овде затоа што нема да издржиме – рече Папата.

Да го молиме Господ со сите да го направи она што го направи со учениците, кои се плашеле од радоста: да ни го отвори умот. Откако на учениците им го отвори умот ги сфатија Писмата, така и нашиот ум нека го отвори и направи да сфатиме дека Он е жива реалност, дека е тело, дека е со нас, дека нѐ следи и дека Он победи. Да молиме од Господ милост да не се плашиме од радоста – заврши Светиот Отец

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот