Неделно Слово – Осумнаесетта недела по Педесетница

Неделно Слово – Осумнаесетта недела по Педесетница

Ви го пренесуваме размислување за Осумнаесетта недела по Педесетница според Евангелието од Лука 5,1-11 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија.

 

Од светото Евангелие од Лука (5,1-11)

Еднаш, кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, Он стоеше покрај Генисаретското Езеро.

Тогаш виде два кораба, што стоеја покрај езерото; а рибарите, излегле од нив, си ги плавеа мрежите.

Како влезе во еден од корабите, кој беше на Симона, го замоли да се оддалечи малку од брегот, па седна и го поучуваше народот од коработ.

А штом престана да говори, му рече на Симона: „Заплови во подлабоко и фрлете ги мрежите свои за лов!”

Но Симон Му одговори и рече: „Наставниче, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата.”

И штом го направија тоа, тие уловија голема количина риба, та дури и мрежата им се скина.

Им дадоа знак на другарите, што беа во другиот кораб, да дојдат и да им помогнат; и тие дојдоа и ги наполнија и двата кораба така, што за малку ќе потонеа.

А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, оти сум човек грешен!”

Зашто беше влегол страв во него, и во сите што беа со него, од тој лов на риби, што ги уловија;

а исто така и во Јакова и Јована, синовите Зеведееви, кои му беа другари на Симона. И му рече Исус на Симона: Не бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!”

Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сè и тргнаа по Него.

 

Категорија: Духовност

За авторот