Неделна обврска
Црквените прописи го назначува и точно одредува законот Господов: „Во недела и другите задолжителни празници, верниците се обврзани да учествуват на Литургија“. „Заповедтта за учествување на Литургијата ја исполнува оној кој или на самиот празник или вечерта предходниот ден присуствува на Литургија било каде таа да се слави по католичкиот обред“. Неделната Евхаристија го втемелува и зацврстува целокупното христијанско делување. Затоа верниците се должни да учествуват во Евхаристијата на задолжителните денови, освен ако се оправдани со сериозна причина (на пр. болест, грижа за доенче, или пак од својот свештеник добиле опрост). Оние кои намерно не ја извршат таа обврска прават тежок грев.
Учествувањето во заедничкото евхаристиско славење на денот Господов, е сведоштво за припадноста и верноста кон Христос и неговата Црква. Верниците така го сведочат своето заедништво во верата и љубовта. Истовремено ја сведочат и Божјата светост и својата надеж во спасение. Меѓусебно се зацврстуват со подршка на Светиот Дух. „Ако нема доволно ракоположени служители или поради друга важна причина не е можно да се учествува во евхариститското славење, посебно многу се препорачува на верниците да учествуваат на славење на Словото, ако тоа славење спрема прописите на епископот се слави во парохиската црква или на друго свето место, или пак потребното време го поминат во лична молитва или во молитва со семејството или според условите, во група на семејства.
Ден на милост и одмор
Како што Бог „си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги создаде“ (1 Мојсеева 2,2), така и во животот на човекот се променуваат работата и одморот. Востанувањето на денот Господов придонесува да „сите имаат доволно одмор и слободно време за семејството, за култура, за општествен и верски живот“. Во недела и во останатите задолжителни празници верниците нека се воздржуват од оние дела и од онаа работа која им пречи за искажување слава на Бога, радост на денот Господов или за потребниот одмор на душата и телото. Семејните обврски или големите општествени придобивки се законски оправдани во прописите за неделниот одмор. Сепак верните нека бдеет таквите законски оправдувања да не создадат штетни навики за верата, семејниот живот или здравјето.
Љубовта кон вистината бара свето слободно време, но нужноста, љубовта сепак ја прифаќа како оправдана работа. Должност е на христијанинот кој располага со слободно време, да се сети на браќата кои имат иста потреба и исти права, но поради сиромаштвото и бедата не можат да се одморат. Христијанското богољубие уште одамна неделата ја посветила за правење добри дела и посебни услуги кои им се потребни на болните, изнемоштените, старите. Христијанинот ќе ја посвети неделата исто така дарувајќи го на семејството и на роднините своето време и искажувајќи внимание кое тешко може да го искаже во останатите денови на седмицата. Неделата е згодно време за размислување, за молчење, за учење и разбирање, што посебно помага за растење на внатрешниот и христијанскиот живот.
Празнувањето на денот Господов и празниците бара сериозно заедничко учество. Секој христијанин мора да избегнува на другите, без причина, им го наметнува она што би им сметало за одбележување на денот Господов. Кога обичаите (спорт, угостителски работи итн.) и општествените потреби (јавните служби итн.) од некои барат работа и во недела, секој нека се смета одговорен да за си одвои доволно слободно време. Верниците, умерено и со љубов, ќе внимават да ги избегнуват нередите и насилствата кои понекогаш се случуват при масовните забави. И покрај строгите сопственички односи, јавните власти ќе бдеат на граѓаните да им обезбедат време наменето за одмор и богослужби. Слична е должноста и на работодавачите во однос на вработените.
Почитувајќи ја верската слобода и општото добро на сите, христијаните мора да се трудат неделата и задолжителните празници на Црквата да бидат озаконети како неработни денови. Тие треба на сите јавно да им служат како пример за молитва, почитување и радост, и своите преданија да ги бранат како скапоцен прилог на духовниот живот за човечкото општество. Ако законодавството на одредена земја или други причини обврзуват работа и во недела, тој ден сепак треба да биде живеен како ден на нашето ослободување кој ни овозможува учествување на „… до свечениот соборот и заедницата на првородените, кои се запишани на небесата…“ (Евр. 12,22-23).
Превод од Катехизам на Католичката Црква -И.П.