Најава: Вечер со Богородица и семејствата

Најава: Вечер со Богородица и семејствата

Во дворот на парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица во сабота 25 јуни 2022 година со почеток во 20.15 часот ќе се одржи настанот „Вечер со Богородица и семејствата“. Светата Бројаница ќе ја предводи Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, Н.В.П. Киро Стојанов, по накана на семејствата.

Програма

  • Видео за семејствата
  • Света Бројаница, која ќе ја предводи Н.В.П. монс. Киро Стојанов
  • Литанија до Пресвета Богородица
  • Размислување
  • Видео за семејствата
  • Заедништво во дворот пред Радио Марија

Настанот е во организација на парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица и Радио Марија, а е во рамки на 10. Светската средба на семејствата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот