Папата испрати порака до лидерите собрани на Светскиот економски форум во Давос

Папата испрати порака до лидерите собрани на Светскиот економски форум во Давос

Во пораката Светскиот економски форум во Давос, папата Фрањо ги повика деловните и светските лидери да се погрижат економскиот развој да биде од корист за сите и да остане поврзан со солидарноста

Глобалните деловни и политички лидери се состанаа оваа недела во Давос, Швајцарија на тема: „Повоторна изградба на довербата“.

За да ги потсети светските лидери на нивната должност кон човештвото, папата Фрањо упати порака до Светскиот економски форум во 2024 година, која во вторник, 16 јануари ја прочита кардинал Питер Турксон, а е објавена во среда, 17 јануари.

Во својата порака Папата истакнува дека најголемиот предизвик со кој се соочува човештвото е обезбедување сеопфатен развој и мирен соживот.

Се надевам, нагласува Римскиот бискуп, дека учесниците на овогодинешниот Форум ќе ја имаат предвид моралната одговорност што секој од нас ја има во борбата против сиромаштвото, постигнувањето интегрален развој за сите браќа и сестри и стремежот за мирен соживот меѓу народите.

Разбранети глобални води

Папата Фрањо понатаму посочи дека настанот во Давос оваа година се одржува во многу загрижувачка клима на меѓународна нестабилност.

Форумот, додаде тој, нуди можност светските лидери да истражуваат иновативни начини за изградба на подобар свет и затоа ги повика да најдат начини за поттикнување на социјалната кохезија, братство и помирувањето меѓу сите луѓе.

Светиот Отец изрази жалење за војните и долготрајните конфликти кои уништуваат делови од светот, кои предизвикуваат смрт меѓу цивилите и уништување.

Мирот по кој копнеат народите на нашиот свет не може да биде ништо друго освен плод на правда, истакна Папата. Следствено, продолжи тој, тоа бара повеќе од само одлагање на воените инструменти; тоа бара решавање на неправдите кои се главните причини за конфликтите.

Зголемување на нееднаквоста

Зборувајќи за причините за конфликтите, Папата укажа на широко распространетата глад и експлоатација на природните ресурси, некои делови од светот ја фрлаат храната, а неколкумина се збогатуваат од екстрактивните индустрии.

Исто така, ја осуди раширената експлоатација на мажи, жени и деца кои се принудени да работат за ниски плати и се лишени од реални изгледи за личен и професионален развој.

Како е можно, праша Папата, во денешниот свет се уште да умираат луѓе од глад, да се експлоатирани, осудени на неписменост, без основна медицинска помош и оставени без покрив над главата?

Потребен е морален компас за глобализацијата

Глобализацијата има длабока морална димензија, истакна папата Фрањо, додавајќи дека развојот бара морален компас кој ќе ги води дискусиите кои ја обликуваат иднината на меѓународната заедница.

Тој ги повика компаниите и државите да работат заедно за да промовираат далекувидни и етички здрави модели на глобализација.

Развојот, рече Папата, треба да вклучува потчинување на стремежот за моќ и индивидуална добивка, политичка или економска, на општото добро на човечкото семејство, давајќи им приоритет на сиромашните, лицата во потреба и оние во најранливите ситуации.

Автентичен и глобален развој

На крајот, папата Фрањо ги повика деловните лидерите и политичарите да дадат приоритет на правичната распределба на напредокот, за да можат економски загрозените луѓе да ги искористат придобивките од глобалниот раст.

Автентичниот развој мора да биде глобален, заеднички на сите народи и во секој дел од светот, или во спротивно ќе уназади дури и области кои досега се карактеризирале со постојан напредок.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот