Папата Фрањо преку кардинал Паролин испрати порака до учесниците на средбата во Тезе

Папата Фрањо преку кардинал Паролин испрати порака до учесниците на средбата во Тезе

Светиот Отец на празникот свети Стефан, 26 декември 2020 година испрати порака, а потпишана од државниот секретар на Светиот Престол кардинал Пиетро Паролин до учесниците на 43. Европска средба на млади организирана од Заедницата Тезе.

Европската средба на Тезе требаше да се одржи во Торино од 27 декември до 1 јануари, која беше откажана поради мерките против ширењето на коронавирусот.

Во својата порака, кардиналот Паролин потсети дека заедницата Тезе организира годишни европски средби за млади повеќе од 40 години и дека на нив учествувале неколку генерации. Тој истакна дека Папата им се придружи на младите со мислите и молитвите.

Бидејќи средбата поради пандемијата со Коивд-19 не се одржува со физичко заедништво, туку преку Интернет, државниот секретар ја пофали таквата снаодливост, како и вклучувањето на млади луѓе од другите континенти.

Тој ја истакна важноста на надежта, на чиј што пат се младите на средбата со самото тоа што се сретнуваат, иако на таков начин. Тој се осврна на зборовите на папата Фрањо од енцикликата Fratelli tutti дека на сите им е потребна заедница која го поддржува и во која едни на други си помагаат да гледаат кон иднината (сп. бр. 8). Тој им порача на младите да не бидат сејачи на очај и недоверба наспроти надежта на Воскреснатиот.

Надежта помага во тешки ситуации затоа што е смела и знае да гледа подалеку од личната комотност и да се отвори за идеалите кои го прават животот поубав и подостоинствен (сп. исто, 55).

На крајот од пораката, кардиналот Паролин на сите учесници на средбата, на нивните семејства и на сите браќа од Тезе им го пренесе благословот на Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот