Најава: Архиерејска Литургија во Гевгелија и Молебен во Паљурци за празникот Свети Петар и Павле

Најава: Архиерејска Литургија во Гевгелија и Молебен во Паљурци за празникот Свети Петар и Павле

По повод патрониот празник на парохиската црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија, во недела, 12 јули 2026 година со почеток во 10:00 часот, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов ќе служи света архиерејска Литургија, во заедништво со свештеници од Епархијата и Бискупијата.

По Литургијата, во 12.00 часот, епископот Стојанов ќе го предводи Молебенот во чест на светите врховни апостоли Петар и Павле во Паљурци, пред црквата „Свети апостол Павле“, која е во изградба.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот