Научете ги децата да молат на мајчин јазик

-Напамет научените молитви ќе се втиснат во нив, во нивното срце, нивниот памет и ќе го нахранат нивниот духовен живот. Научете ги своите деца да молат на мајчин јазик; пишува кардинал Данелс.

-Научете ги да молат секојдневни молитви , мали реченици кои се повторуваат, па и да грешат. Ако не го направиме тоа детето ќе биде беспомошно, нема да знае ниту една молитва кога ќе почуствува потреба да се обрати кон Господ. Да не бев научил такви молитви, во некои денови немаше да знам да се молам. Со глава полна со грижи и без Бројаницата не може далеку да се стигне. Кога човек е уморен, зошто да не се препушти понизно на познатите молитви!

Оче наш е молитва

Без разлика на зборовите кои ги изговараме во молитвата.ако таа е вистинска и примерна ние го зборуваме всушност тоа што се наоѓа во Оче Наш. Прва молитва која децата ќе ја научат е ОЧЕ НАШ. Не разбираат што молат?! Сигурно не разбираат се, но многу рано ќе го сфатат најважното: дека Бог е нивниот татко. Напамет научената молитва ќе се втисне во нив, во нивното срце, во нивниот памет и ќе го храни сиот нивен духовен живот.

Радувај се Маријо е најубавата молитва упатена кон Марија. Ако ја научиме уште во детството, тогаш засекогаш останува гума за спасување, за која може да се фатиме во деновите исполнети со тага. Таа е светло кое зрачи кога преовладува густа темница, јаже за кое се фаќаме за да излеземе од провалијата на сопствените гревови и на наједноставен начин да ја изразиме својата љубов. Научете ги децата да ја молат Радувај се Маријо и нека им премине во навика, на тој начин да ја поздравуваат својата Мајка, да и се доверуваат, да се фрлат во нејзината прегратка и таму да наоѓаат одмор и утеха. Повторувањето на Радувај се Маријо во Бројаницата не е празно мрморење. Кога дете се фрла во прегратките на својата мајка и по десет пати и повторува МАМО ТЕ САКАМ, никогаш нема да кажеме дека напразно мрмори. Истото се случува и кога ја молиме Бројаницата.

Има многу молитви кои можат напамет да се научат, како на пример ,,Верувам“ – е израз на доверба, израз дека припаѓаме на Светата Троица. Оваа молитва е чин на верата, љубовта, надежта, чин на покората како и чин на покајанието.

Псалмите и библиските песни, кратките молитви како ,,Исусе Син на живиот Бог, помилувај ме мене грешникот“ – сите овие текстови кои се превземени од Библијата претставуваат богатство кое постојано ќе ни ја храни душата.

Напамет научената молитва значи молитва научена од срце, љубов и разбирање. Молитвата не се учи како училишночетиво .Молитвата се учи молејќи. Детето многу рано ги совладува тие текстови, посебно ако секоја вечер ги слуша своите родители како заедно молат Оче Наш и Радувај се Маријо благодатна. Еден ден и покрај тоа што никогаш ги нема научено молитвите како училишна лекција, детето ќе знае да се служи со зборовите од неа, исто како што знае да се служи со мајчиниот јазик кој никогаш го нема студирано како јазик.

И молчењето е мајчин јазик на молитвата. Бог кој се објавува со зборови, ни зборува и преку молчењето. Во тоа е и тежината, но и големината на една молитва.

Тежина – бидејќи е недопирлива средба со Некој кого нашите сетила неможат да го досегнат; Големина – затоа што тој ,,Некој“ е поголем од нашите зборови и затоа што тишината ни дава да навлеземе во Насушното, или уште подобро, да дозволиме Тој да влезе во нас.

И тишината е значи мајчински јазик на молитвата, како и сѐ друго, децата ја откриваат огледувајки се на родителите, гледајки ги како стојат во тишина пред Господ. Да се научи детето да остане во тишина не значи да му се зборува ,,Молчи“ туку ,,СЛУШАЈ“.

Зборовите на молитвата имаат една цел: да ни овозможи да обрнеме внимание на Оној кој доаѓа да нѐ љуби.

Битно.нет/Ж.П.

За авторот