Што следува по смртта?

Се чини дека не следува ништо. Навистина, кај мртвиот, не може да се запази никаков нематеријален елемент кој би преживеал и би го избегнал распаѓањето. Клод Бернард рекол: „Под мојот скалпер не ја најдов душата“. Ја нема повеќе ниту во верските проповеди, поимот за душата е толку неодреден и не знаеме како да ја сместиме во човечкото тело. Исто така напуштена е и средновековното сфаќање за „небо“, каде блажените души се околу Бога, мавтаат со палмовите гранчиња и пеат фалоспеви, што е толку еднолично случување, да Декартес се плашел да не му здодее. Навистина, се чини дека во тоа и самата Црква е несигурна, зошто од една страна повикува на надеж, а од друга страна за покојниците моли милост за „вечен покој“. Ние денес имаме полно „разумна“ религија која сака своите сили да ги посвети во настојувањето на оваа земја да се оствари „подобар свет“, кој луѓето некогаш го очекуваа во небото. МЕЃУТОА…

Христос рекол: „Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат!“ (Мт. 5,4). Кој ќе ги утеши – ако не тој, и како би се утешиле без оние на кои ги сакале?

Приговорите не можат да се одржат.

„Столетие на раката“, рекол Римбод, и треба да се знае дека XIX век имаше посебно тешка рака. Нематеријалниот елемент по дефиниција избегнува секаков зафат на скалперот. Клод Бернард да најдел душа под својот скалпер, тој би нанесол тежок удар на религијата.

Декарт навистина се плашел дека ќе се досадува гледајќи го Бога „десет илјади години“. Никогаш не му паднало на памет јасната и одредената мисла дека на Бог би можело уште повеќе да му досади посматрајќи го него. Нашиот голем мерител на границите на здравиот разум не знаел ништо за контемплетацијата, кој не е подложена ниту на времето ниту на минливоста, а ниту пак на законитостите за тежини и мерки.

Материјалистите со многу жар на нашите предци им припишуват заблуди кои тие не ги застапуваа и кои лесно можеа да се побијат. Така со иронија се потсмеваа на наивноста на предците кои – спрема нив – веруваа дека земјата е рамна како маса, а сепак старите предци знаеја дека земјата е округла. Аристотел дури и давал и изобличен облик како круша. Исто така се потсмеват за перцепцијата за рајот кои сликарите го сместија над облаците, над небескиот свод, за кој материјалистите, таа врста вредна за сожалување, веруваат дека знаат дека во него нема никаква пристуност.

Но небото – тоа е духовната Божја вселена. И не само дека небото постои, туку тоа и нè опкружува, опфаќа и прободува, како што преку нашето тело – а тоа ние да не го знаеме – поминуваат многу зрачења, па дури и честици кои исто така за нас се нефатливи.

Секако должни сме да работиме за изградување на подобар свет, а секако убава работа би била и изградбата на еден помалку лош свет. Ќе биде бесмислено нашата надеж да ја сведеме само на уредувањето на оваа земја, пресметувајќи ги сите добивки и загуби од сите изминати несреќи и од сегашноста, како да се работи само за неизбежните загуби на нашите политички заложби. Зарем сите солзи, сета таа крв што е пролиена преку нашата историја послужила само за тоа да се изгради идеален земски град чие остварување постојано ќе се одложува во недоглед, за некое покасно време? Ќе подсетам на тоа дека во Откровението, новиот Ерусалим слегува од небото, а не се издига од земјата како некој нов Вавилон, осуден на рушење.

На крајот кога Црквата зборува за „вечниот покој“, таа мисли на ова наше бедно тело кое за некое време ќе биде положено во земјата, на некои гробишта, зашто гробиштата само се одложување до воскресението.

Што следува после смртта?

Според верата во воскресението и според здравиот разум, и кој е ограничен од достигнувањата на сетилата, одговорот е едноставен: смртта е трепет на окото.

Телесните очи се затворат за овој свет за да веднаш се отворат за воскресение. И вековите повеќе не се сметат, времето е укинато. Еве што за телото може да каже верата кога ќе се задржи во границите на материјалното запазување, што секако не претставува најдобра услуга која може да и се искаже. Но зарем човекот е само тело, натрупани молекули кои ветерот еден ден ќе ги разнесе? Според Објавата, верата за тоа знае повеќе, а мистичните искуства можат да кажат уште повеќе. Верата од Христос научила дека „она што око не видело, уво не чуло, ниту на човек на ум му дошло, тоа Бог го приготвил за оние кои Го љубат” (1 Кор. 2,9). Внимателна спрема сите зборови во Евангелието, верата во своето срце ги чува зборовите од кои воопштено не може да се изведе целата смисла што ја содржат. Кога садукеите, кои не веруваа во воскресение, го прашаа Исусас за воскресение, тој им кажа што ќе бидеме кога се ќе биде довршено. Тој тогаш искажа зборови чии достигнувања секогаш доволно не се одмеруват, можеби затоа што се наведени како вообичаен цитат од Писмата: „Јас сум Бог Авраамов, и Бог Исаков и Бог Јаковов. Но Тој не е Бог на мртвите, туку Бог на живите“ (Мк. 12,26-27). Најчесто од ова се заклучува дека тој е Бог на животот, не на смртта, а Исус со тоа всушност ни ја оддава скапоцената тајна: Авраам, Исак и Јаков, иако одамна исчезнаа, постојано се живи. И таа смрт, за нас така тврда стварност, за Бог не постои. Секое битие, создадено на негова слика, има одредено име, кое ја одразува неговата личност. И таа слика е неизбришлива, тоа име Бог никогаш не го заборава. Поради тоа, таа личност, живеела еден час или еден век – како да не живее во него, кога таа преживува во нашето слабо сеќавање?

Во врска со мистичните искуства можам да ви кажам дека тие ни дават сигурност дека „после смртта“ постои Бог. И тоа ќе биде, ви гарантирам, за многумина големо изненадување. И тие ќе забележат – со восхит и чудење кое јас го доживеав на денот на своето преобраќање, а кое уште трае – дека постои „друг свет“, духовен свет соѕидан од светлоста на чудесен сјај, со потресна нежност. И во истиот момент сè што вчера им се чинеше невозможно – ќе стане природно. Сè што им се чинеше несигурно – ќе стане привлечно прифатливо. И сè што негираа – ќе биде соборено од радосната очевидност. Тие ќе видат дека сите христијански надежи, па и оние најлудите, биле темелни, но сеуште далеку од вистинската смисла за раскошната Божја дарежливост. Впрочем, како што и јас заклучив, дека телесните очи не се потреби за да се прими таа духовна и поучна светлост, очите, имено само би не спречувале да ја видеме. Ќе увидат дека таа во нас го осветлува оној дел на нас самите кој никако не зависи од нашето тело. Како е тоа можно? Јас не знам – воопшто не знам – но знам дека е вистина она што го зборувам.

Andre Frossard, (преземено од книгата „Бог преку прашања“)

Категорија: Размислување

За авторот

Write a Comment

<