По ескалацијата на насилството во Мјанмар Црквата во земјата ги повикува католиците на единство и молитва.
Надбискупот на Мандалај Марко Тин Вин ги повика сите католици – свештеници, монаси и монахињи, лаици – да му се придружат во молитвата за Мјанмар, кој е растргнат од болеста Ковид-19, гладот, граѓанската војна и мачењето.
Последните денови надбискупот ги повика верниците секоја сабота навечер да учествуваат еден час во обожавање пред Пресветата Евхаристија и ги поттикна секоја прва недела во месецот да учествуваат на Евхаристиско славење со накана за мир.
Надбискупот Тин Вин ги охрабри луѓето да не ја загубат надежта и да имаат длабока вера во Бог среде стравот, вознемиреноста и очајот кои ја зафаќаат земјата.
Ескалација на насилството
Интензивните борби помеѓу воената хунта и бунтовничките сили се одвива последните месеци претежно во католичките држави Кајах, Чин и Карен каде цивилите беа принудени да ги напуштат своите домови, да бегаат и да бараат засолниште во црковните институции.
Политичката, економската и општествената слобода кои започнаа да се развиваат во 2011 година после повеќе од 50 години воено владеење одеднаш се прекинати со воен удар во февруари минатата година, кои доведе до немири и длабока општествена криза.
Повеќе од 1.550 куќи и други цивилни имоти, вклучувајќи цркви и училишта се уништени или запалени, а 157.500 луѓе се раселени во Сагаингу, Магвеј и Кина. Борбите против цивилите и продемократските демостранти доведоа до повеќе од 1.000 смртни случаи, а повеќе од 10.000 луѓе се притворени.
„Кога ќе завршат децениите граѓанска војна во Мјанмар?“ Тоа е прашањето кое го постави кардинал Чарлс Бо надбискуп на Јангон во повикот од 26 декември. „Кога ќе можеме да уживаме во вистинскиот мир, правда, слобода? Кога ќе престанеме да се убиваме едни со други?“
Осуда од УНИЦЕФ
Дебора Комини регонална директорка на УНИЦЕФ за Источна Азија и Пацификот исто така го осуди минатонеделното убиство на најмалку четири деца и ранување на многу други како резултат на насилството во земјата.
УНИЦЕФ ја повтори загриженоста заради ескалација на конфликтот во Мјанмар и го осуди користењето на воздушните напади и тешкото вооружувања врз цивилните подрачја. Повика на итно делување за да се обезбедат независни истраги на овие инциденти за сторителите да се повикат на одговорност.
Главен приоритет: Заштита на децата
Посебно сме огорчени од нападите вра децата кои се случиле во текот на ескалацијата на борбите во целата земја, рече Комини.
Додаде дека конфликтните страни мора да ја обезбедат заштитата на децата како главен приоритет и да се преземе сѐ што е потребно за да се обезбеди децата да се држат подалеку од борбата и заедниците да не се искористат како цели. Тоа бара меѓународно хуманитарно право како и Конвенција за правата на детето чиј потписник е Мјанмар.
Ватикан њуз/к.мк