Божиќ во Ирак

Божиќ во Ирак

Божиќното време во Ирак е обележано со светлина и сенки кои можат да се искусат во ова стресно време на пандемија. Во таа блсикоисточна земја која папата Фрањо ќе ја посети од 5 до 8 март следната година, вистинскиот мир е дар кој најмногу се очекува – истакна халдејскиот епископ на вавилонскиот патријархат монс. Шлемон Вардуни.

Потребно е да се молиме затоа што сме деца на надежта, напомена епископот, силно поттикнувајќи на обнова во оваа божиќно време.

Нашиот поглед овие денови мора да биде свртен кон Спасителот, Детето Исус, Кој дарува радост во целиот свет – рече епископот и додаде: Секогаш мора да бараме прошка од Господ. Постојат луѓе кои сакаат војна, заборавајќи на Бог Кој нè спаси и кој нè доведе на овој свет за после смртта повторно да нè врати кај Себе. (…)

Се надеваме дека доаѓањето на папата Фрањо ќе биде милост за сите не само за Ирак, туку за целиот Блиски Исток. За жал не се трудиме да ги искористиме сите милости кои Господ ги дал и ги дава на Блискиот Исток. Да молиме со надеж за да бидеме деца на надежта. Посетата на папата Фрањо ќе ни донесе надеж. Зборувајќи за неговата посета, сите зборуваме за надеж. Парламентот на Ирак одлучи празникот Божиќ од оваа година да биде национален празник. Тоа е Господова милост, ние сакаме сите да се приближиме до него Кој го даде својот живот за сите луѓе. Божиќ така е празник за христијаните, но и знак на меѓурелигиски дијалог кој е навистина радост за сите, затоа што светот треба да биде единствен – рече меѓу останатото епископот Шлемон Вардуни.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот