Папата Фрањо го прими во аудиенција премиерот Заев

Папата Фрањо го прими во аудиенција премиерот Заев

На 25 мај 2018 година папата Фрањо го прими во аудиенција премиерот на Република Македонија, г-дин Зоран Заев придружуван од државно црковна делегација, во чиј состав од Католичката црква беше о. д-р Зоран И. Стојанов.

За време на посета, која се остварува традиционално во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, папата Фрањо најпрво го прими на средба премиерот Заев, а по разговорот делегацијата беше примена на аудиенција кај Светиот Отец.

По средбата со папата Фрањо македонскиот премиер беше примен и од Државниот секретар, кардинал Пиетро Паролин.

Во разговорите, кои поминаа во пријатна и срдечна атмосфера е истакната добрата билатерална соработка помеѓу Светиот Престол и Република Македонија, а беше искажана подготвеност за унапредување  и зајакнување на соработката во области од заеднички интерес.

Премиерот Заев ја истакна тесната соработка со Католичката црква во Македонија, и нејзината конструктивна улога како еден од столбовите на меѓурелигиозниот соживот во нашата земја.

Папата Фрањо на премиерот Зоран Заев му подари рачно изработено дело во бронза од мајстор Гвидо Верои на кое симболично е претставена пораката: Светот на солидарноста и мирот е заснован на правда.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на средбата, на папата Фрањо му подари реплика од мозаикот на кој се претставени пауни и елени, како илустрација на 41. Псалм на Пророкот Давид, како најпрепознатливиот симбол на археолошкиот локалитет Стоби, од 5. век.

к.мк

Фото: vlada.mk

Категорија: Вести, Македонија

За авторот