Папата: Палестина и Израел да бидат две слободни држави и во добри односи

Папата: Палестина и Израел да бидат две слободни држави и во добри односи

На крајот од Генералната аудиенција, Папата уште еднаш повика за мир на Блискиот Исток, Украина и Мјанмар и потсети дека војната е пораз во кој најмногу добиваат производителите на оружје.

Украина, Блискиот Исток и Мјанмар; На 24 април 2024 година, на Генералната аудиенција, папата Фрањо упати апели за земјите за кои постојано бара мир, како и за многу други кои не ги спомна, но се во неговите молитви. Светиот Отец ги посвети своите мисли на Блискиот Исток, а особено на Газа, поттикнувајќи на молитва.

Има многу страдања таму, во војната. [Да молиме] за мир меѓу Палестина и Израел, да бидат две држави, слободни и во добри односи. Да молиме за мир.

Заработуваат производителите на оружје

Непосредно пред тоа го спомна конфликтот во Источна Европа, младите Украинци кои заминуваат како војници и одат да загинат во војна која како и сите други – истакна Папата – на едната страна ги има оние кои страдаат, а на другата оние кои профитираат од тоа.

Војната е секогаш пораз во кој производителите на оружје заработуваат најмногу пари, ве молам, да молиме за мир.

Пристига помош во Газа

Папата во неколку наврати го охрабри решението со две држави за Израел и Палестина, последен пат во неделата, на 14 април, за време на неговото попладневно обраќање, кога повтори дека никој не треба да го загрозува постоењето на другиот и побара од меѓународната заедница да помогне Израелците и Палестинците да живеат во две држави, во сигурност, бидејќи тоа е нивна желба и нивно право.

Во меѓувреме од Газа пристигнуваат вести за континуирани израелски напади, а Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) сведочи дека вчера во Појасот Газа влегле 310 камиони со хуманитарна помош, што е рекорд од 7 октомври – посочува агенцијата на Обединетите нации, додека ФАО предупредува дека целото население живее во најтешка прехранбена криза. Утврдено е дека една четвртина од 2,2 милиони жители, односно 600.000 луѓе – како што е наведено во глобалниот извештај за кризите со храна за 2024 година – живеат во „катастрофална“ ситуација и се изложени на опасност од глад.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот