Папата Фрањо го прифати повлекувањето од служба на митрополит и надбискуп на Мадрид, поднесена од кардиналот Карлос Осоро Сиера, и го именува досегашниот помошен бискуп за нов надбискуп, објави на 12 јуни 2023 година Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Епископот Хозе Кобо Кано е роден во Сабиоте, бискупија Хаен, на 20 септември 1965 година. Откако се стекна со диплома од граѓнско право, дипломира теологија на Universidad Eclesiástica San Dámaso (1992). За свештеник на надбискупијата Мадрид.е ракоположен на 23 април 1994 година
Папата Фрањо го именува за помошен бискуп на Мадрид на 29 декември 2017 година, а хиротонијата беше на 17 февруари 2018 година.
Во шпанската бискупска конференција беше член на Бискупската комисија за социјална пасторална грижа (2018-2020 година), а од 2020 година е член на Бискупската комисија за социјална пасторална грижа и унапредување на луѓето. Во рамките на оваа комисија, тој е одговорен бискуп на Комитетот за миграција, известува Шпанската бискупска конференција.
Ватикан њуз/к.мк