Миропомазание и Прва Причест во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Миропомазание и Прва Причест во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Свеченото евхаристиско славење во недела 19 мај 2024 година на празникот Духовден, според грегоријанскиот календар, во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје го предводеше Скопскиот биксуп и струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, а со него сослужуваше каедралниот парох патер Винко Маслаќ. За време на светата Литургија бискупот Стојанов на пет лица ја подели светата Тајна миропомазание, а три деца примија Прва Света Причест.

Во проповедта бискупот Стојанов се осврна на празникот Педесетница, како и за важноста на Светите Тајни Миропомазание и Светата Причест за христијанскиот живот.

На свеченоста пееше Катедралниот хор под водство на Јулија Неловска, а на оргули свиреше Филип Костов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот