Мајската набожност омилена молитва во Радово

Радово, 1.6.2013 /к.мк/ – Преку цел месец мај во парохијата свети Пророк Илија во Радово се служеше „Мајска Набожност“. Месец мај е посветен на Марија, Исусовата и наша Мајка, затоа и најчесто преку тој месец се молеше Молебен до Пречиста Дева Марија. Освен кога беше предвидено некоја друга набожност која е продолжение на целомесечната Богородична молитва. Годинава во Радово на посебен начин се молеше за зајакнување на личната молитва. Мајската набожност е најстарата набожност која се моли во Радово и е многу омилена и посетена цел месец од сите генерации верници во парохијата.

Мајската набожност се моли во парохиската црква, а од пред некоја година последниот ден на мај како затворање на побожноста се служи молебенот во дворот на Сестрите Евхаристинки.

На 31 мај Светата Црквата го слави празникот „Поход на Блажена Дева Марија“, односно сеќавањето од посетата на Марија на нејзината роднина света Елесавета. При таа прилика парохот о. Зоран И. Стојанов, во своето размислување ја истакна скромноста и големата набожност на Елисавета, која ја пречекува Марија со зборовите: „Од каде за мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ?’ ’Каква скромност во Елисавета. Ние често мислиме дека на Бог му искажуваме милост кога сме верни, кога стапуваме во негова служба. А вистинскиот став би бил: „Од каде за мене ова, кај мене да дојде?“

Елесавета гледа подлабоко, таа пред се ја фали верата на Марија: „Блажена си ти која поверува!“ По прв пат блаженството заѕвони во евангелието. Тој проглас на Елисавета во друга прилика (Лука 11,27-28) ќе го потврди самиот Исус. Тоа е блаженство со кое ќе заврши евангелието, со зборовите на Воскреснатиот кон Тома: „Блажени се оние кои не виделе, а веруваат!“(Иван 20,29). Според толкувањето низ вековите може да се заклучи: „Ти си самата вера!“ Верата е отвореност кон Бога, прифаќање на Бога, себедарување на Бога. Со верата на Бога му се ставаме сосема на располагање за спасителното дело. За себе и за другите. Поради тоа верата е основна крепост во нашиот óд кон Бога преку Марија‘. При тоа о. Зоран додаде: ’По навестувањето Марија брза кај Елисавета. Ова евангелие кое е предвидено за Мајската набожност ни навестува многу работи. Марија сета исполнета, целата Божја, поаѓа на пат, се среќава, приоѓа на луѓето… Тоа не потсетува секогаш на вертикалата и хоризонталата: богољубието и човекољубието се врзуваат, а никако не се исклучуваат – Марија сака да и даде подршка на својата роднина која е бремена, сака да и биде на помош при породувањето. Блажениот Иван Павле II предупредува дека Марија нé учи: – „секоја бремена жена ја заслужува сета позорност и целото внимание на својата околина и на пошироката и на потесната“. – Марија исто така копнееше за поверливи разговори. Имаше потреба да ја соопшти својата слатка тајна и да изрази среќа за тајната на Елисавета‘.

Фото:Кирил С.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<