Концерт на “Schola cantorum” во скопската катедрала

Скопје, 18.04.2013 /к.мк/ – Во петок 19.04.2013 година во скопската катедрала Пресвето Срце Исусово ќе гостува црковниот пејачки октет “Schola cantorum” од Словенија. Овој октет освен тоа што ја негува црковната музика исто така ја негува и словенската народна музика. Тие со своето пеење ќе ја збогатат вечерната Света Миса во 18 часот, а потоа со почеток во 18.30 часот октетот ќе одржи мал концерт. Влезот е слободен. (E.A)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<