‘Марана Та’ – најубавата молитва на првите христијани, која им давала сила и надеж
„Бидете будни и во секој момент молете!“ Овие зборови се упатени до луѓето од сите времиња. Тие зборови Господ ги упатува на секој од нас, бидејќи ние луѓето сме склони на заспаност, на малограѓанска удобност. Не смееме да дозволиме нашите срца „да бидат оптоварени во ненаситеност, пијанство и во животните грижи“ и така да ја изгубиме надприродната смисла која треба да го инспирира сето тоа што го правиме.
Господ нѝ доаѓа и мора да го чекаме неговото доаѓање со буден дух, а не исплашени како оние кои ќе бидат затекнати во зло, ниту растресени како оние кои срцето го ставаат единствено во земските добра: туку да бидеме внимателни и весели како оние кои ја чекаат саканата личност, веќе долго очекувана.
Да се бдее пред сѐ значи да се сака. Може да наидеме на потешкотии одржувајќи ја жива својата љубов: себичноста, недостатокот на подвизи и умереноста се закануваат на пламенот кој Бог многу пати го распламнуваше во нашите срца. Затоа потребно е постојано да се оживува, да се бори, да се чува површноста која се раѓа од навика. Свети Павле го споредува тоа бдеење со добро вооружен стражар кој не дозволува да биде изненаден.
Првите христијани често и со голема љубов ја повторуваа кратката молитва „Дојди, Господи Исусе!“ Живеејќи ги на тој начин верата и љубовта, тие верници ги пронаоѓаа внатрешната сила и оптмизам кои им биле потребни во извршувањето на семејните и општествените должности, а и внатрешно се одвојувале од временските добра имајќи ја над нив онаа власт која дава надеж и вечен живот.
За христијанинот кој бдее да го сретне Господ, нема да дојде неочекувано. Нема да дојде „како крадец во ноќта“, ќе нема изненадување, бидејќи секој ден имаше повеќе средби со него, полна со љубов и доверба, во Светите Тајни и во обичните дневни настани. Црквата за тоа се моли: „Господи, се радуваме на доаѓањето на Твојот Син и во нашето тело. Слушни ја нашата молитва и награди нѐ со вечен живот кога Исус Христос ќе дојде во Својата слава.
Битно нет/Превод: З.А