Македонски Каритас реализира проект за ублажување на последиците предизвикани од пандемијата со Ковид-19

Македонски Kаритас имплементира проект подржан од Министерството за надворешни работи на Република Словенија за ублажување на последиците предизвикани од пандемијата со Ковид-19. Проектот предвидува поделба на прехранбени и хигиенски пакети на ранливи категории на граѓани погодени од оваа пандемија.
Во текот на месеците декември и јануари предвидена е поделба на 350 пакети во различни делови на Македонија преку мрежата на Парохиските Каритаси, како и достава на топли оброци за 20 луѓе на поширокото подрачје на Скопје.
Во подготовката на проектот посредуваше и Словенски Каритас.
к.мк