Ломбарди: Пронајдената бомба во Апарецида нема поврзаност со посетата на Папата

Рио де Жанеиро, 23.7.2013 /к.мк/ – Според патер Ломбарди пронајдената бомба во Апарецида „нема да влијае врз патувањето“ на Папата во ова Богородично светилиште. Папата Фрањо нема страв, рече Ломбарди во Рио де Жанеиро на прес конференцијата во понеделник вечерта 22 јули (локално време). Не постои причина за загриженост, додаде патер Ломбарди.

Во јавен тоалет во близина на црквата во Апарецида во неделата е пронајдено експлозивно тело. Ова сепак нема никаква поврзаност со планираната посета на папата Фрањо во среда 24 јули, рече Ломбарди, повикувајќи се на информации од бразилската полиција.

Исто така гласноговорникот на Ватикан, патер Ломбарди ги отфрли забелешките дека безбедноста на Папата за време на патувањето од аеродромот до центарот на Рио беше надвор од контрола. Папата Фрањо беше заобиколен од маса луѓе во неговата мала и едноставна кола Фиат Идеа, така што возилото мораше повеќе пати да застанува. Сцената е „посебно искуство“ за големиот ентузијазам на населението, изјави Ломбарди.

Папата е „многу задоволен“ од приемот во Рио. Единствената измена во планираната програма, поради безбедносни мерки е последниот дел од патувањето кога папата Фрањо со хеликоптер беше префрлен до палатата Гуанабра. Летот со хелкоптер беше по желба на бразилските служби, изјави патер Ломбарди.

Во средиштето на разговорите со претседателката Русеф, според изјавата на Ломбарди беше состојбата со младите, како и бегалците.

„Рачно изработената екслозивна направа, е речиси без потенцијал да предизвика фатални последици“, пишува во соопштението на бразилската војска. „Важно е да се покаже дека ваквите епизоди се дел од обуката на нашите безбедносни сили на Апаресида и дека во ниту еден момент не биле во опасност животите на цивили.“ (го*ко)

Категорија: Ватикан, Свет

За авторот

Write a Comment

<