Координативното тело за синодата во Македонија ги информира верниците дека е креирана е-пошта sinoda.mkd@gmail.com за потребите на синодата.
На оваа е-пошта заинтересираните ќе можат да ги достават своите предлози, идеи, забелешки и прашања поврзани со синодалниот процес, а најкасно до 20 ноември 2021 година.
На ова посебно се повикани верниците кои живеат во местата каде што нема Католичка црква, оние надвор од земјата или пак лицата кои поради некоја причина се спречени да учествуваат на советувањата во парохиите.
к.мк