Краков: Папата ја посети детската болница во Прокочим

Светиот Отец на 29 јули 2016 година попладне околу 16.30 часот ја посети детската болница во Прокочим го пречека болничкиот персонал и 50 мали пациенти со родителите и најблиските роднини, како и со претседателката на полската влада Беата Мариjа Шидло.

Обраќајќи се на присутните Папата веднаш рече дека во текот на посетата на Краков не можел да ја изостави посетата на оваа болница.

Ве поздравувам и од срце се заблагодарувам на премиерката за топлите зборови кои ми ги упати. Би сакал малку да се задржам со секое дете, да бидам на неговиот кревет, да го прегрнам секое дете, да го послушам барем на момент и заедно да останеме во тишина пред прашањата на кои не се наоѓа директен одговор. Молете во тишина – ре чеСветиот Отец.

Евангелието во повеќе наврати ни зборува како Господ се среќава со болните, ги прифаќа и со задоволство ги посетува. Тој секогаш ги забележува, ги гледа како што мајката го гледа болното дете, а во себе чувствува сочувство. Би сакал како христијани да можеме како Исус да бидиме со болните, во тишина, со нежност и молитва. Нашето општетсво за жал е загадено со културата на „отфрлање“ која е спротивна на културата на прифаќањето. А жртви на културата на отфрлањето се токму најслабите луѓе, најкревките; тоа е суровост – истакна Папата додавајќи:

Напротив убаво е да се види како во оваа болница се прифатени и негувани најмалите и оние со најголема потреба. Ви благодарам на овој знак на љубовта кој ни го давате. Ова е знак на цивилизацијата: човечка и христијанска: во центарот на општественото и политичкото внимание да се стават слабите луѓе – истакна Папата.

Понекогаш семејствата мора сами да се грижат за своите драги. Што да се направи? Од ова место каде што се гледа конкретна љубов би сакал да поттикнам: да ги умножуваме делата на културата на прифаќањето, делата вдахнати од христијанската љубов; љубовта кон Исус Распнатиот, кон телото Исусово. Служење на луѓето во потреба со љубов и нежност го поттикнува растот на нашата хуманост и ни го отвора преминот во животот вечен. Кој прави дела на милсордието не се плаши од смртта – рече папата Фрањо.

Ги охрабрувам сите оние кои евангелскиот повик „посетување на болни“ го усвоиле како животна програма, а тоа се лекарите, болничарите, сите здравствени работници, капеланите и волонтерите. Нека Бог ви помогне добро да ја вршите својата работа во оваа како и во секоја болница во светот. Нека ве награди со внатрешен мир и срце кое секогаш е способно за нежност. На сите се заблагодарувам за оваа средба! Ве носам со себе во сеќавањето и молитвата. А и вие ве молам не заборавајте да се молете за мене – со тие зборови Светиот Отец ја заврши посетата на детската болница.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот